2 век п.н.е.

< 3 век п.н.е. 2 век п.н.е. 1 век п.н.е. >
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 100
Источната полутопка на почетокот од 2 век п.н.е.
Источната полутопка на крајот од 2 век п.н.е.

2 век пред нашата ера (п.н.е.) — век кој започнал на 1 јануари 200 г. п.н.е. и завршил на 31 декември 101 г. п.н.е.

Овој период се смета за дел од класичната антика, иако за разни региони тој се именува со разни термини. Тој исто така се смета за крај на Аксијското доба. Во контекст на источниот Средоземје, овој период се нарекува хеленистички период.

Брзо по победите во Втората Пунска војна, Римската република продолжила со ширење на своите територии во околните региони. Таа ја анектирала Грција и го освоила северниот брег на Африка по победата и потполното разорување на Картагина во Третата Пунска војна. Влијанието на Рим се почувствувало и на Блискиот Исток каде ослабнатите Хеленистичките држави, како на пример Селевкидската империја, биле принудени да склучуваат мировни договори под римски услови за да избегнат конфронтација со новите господари од западното Средоземје. Крајот на овој век бил обележан со реформите во римската војска, која од армија регрутирана од римскиот народ станала армија на професионални, доброволни воени единици. Реформите биле под водство на истакнатиот генерал и државник Гај Мариј (Мариевски реформи).

Во Јужна Азија, Мауријското царство во Индија пропаднало кога нивниот последен император, Брихадната, бил убиен од Мауријанскиот генерал Пушјамитра Шунга кој потоа ја основал династијата Шунга.

Во Источна Азија, Кина го достигнала врвот со владеењето на династијата Хан. Ханската империја ги проширила своите граници од Кореја на исток до Виетнам на југ, а на запад сè до границите на денешниот Казахстан. Исто така, во овој век Кина го испратила својот истражувач Џан Циен да ги истражи териториите на запад од Кина и да склопи сојуз со централноазискиот народ Јуеџи за борба против номадите од Хунну.

Настани

Биста на Антиох IV

190-ти п.н.е.

Мурал од гробницата на Лиу Ву, чија држава била во центарот на Бунтот на седумтте држави

180-ти п.н.е.

Кована пара со ликот на Менандар I, индо-македонски крал на Пенџаб

170-ти п.н.е.

Биста на Клеопатра II или III

160-ти п.н.е.

Традиционален портрет на царот Ву од Хан во древна кинеска книга

150-ти п.н.е.

Посидиниј, грчки астроном, географ, филозоф и историчар

140-ти п.н.е.

130-ти п.н.е.

120-ти п.н.е.

110-ти п.н.е.

100-ти п.н.е.

Личности

Катон Постариот
Кована пара со ликот на Антиох III

Литература

Тит Макциј Плавт

Наука и филозофија

Откритија

Екваторски прстен на Хипарх

Наводи

  1. Meister, Chad (2009). Introducing Philosophy of Religion. Abingdon: Routledge. стр. 10. ISBN 0-203-88002-1.
  2. 2,0 2,1 Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 180–202.
  3. Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 307–315.
  4. Loewe, Michael (2000). "Zhang Qian 張騫". A Biographical Dictionary of the Qin, Former Han, and Xin Periods (220 BC – AD 24). Leiden: Brill. ISBN 90-04-10364-3.