Војна Воена историја по доба |
---|
Портал „Војна“ |
Јадрена војна — воен судир или политичка стратегија во која јадреното оружје се користи за нанесување штета на непријателот. Јадреното оружје е оружје за масовно уништување и за разлика од конвенционалното војување, јадрената војна предизвикува уништување за многу пократко време и може да има долгорочни радиоактивни дејства. Голем јадрен судир може да доведе до радиоактивно загадување и „јадрена зима“, која може да трае со десетлетија или векови по првичниот напад. Според некои истражувачи, ова би довело до глобален масовен глад. Според други аналитичари, јадрена зима нема да следи, па дури и со јадрено оружје на нивоа на Студената војна, макар и со милијарди жртви, сепак милијарди селски луѓе би преживеале. До денес, две јадрени оружја се користени во војна, двете од САД кон крајот на Втората светска војна. На 6 август 1945 г., ураниумската бомба „Детенце/Мало момче“ била пуштена над јапонскиот град Хирошима. Три дена подоцна, на 9 август, плутониумската бомба „Дебелко“ била пуштена над Нагасаки. Двата бомбашки напади довеле до смрт на околу 120.000 луѓе.
По Втората светска војна, јадреното оружје било развиено и во Советскиот Сојуз (1949), Велика Британија (1952), Франција (1960) и Кина (1964), придонесувајќи за состојбата на судир и напнатост позната како Студената војна. Во 1974 г. Индија и во 1998 г. Пакистан, две непријателски земји меѓусебно, развиле јадрено оружје. Нашироко се верува дека Израел и Северна Кореја имаат јадрено оружје, иако не е јасно колку. Владата на Израел ниту признава ниту негира дека поседува јадрено оружје, иако има реактор и преработувачка постројка потребни за создавање јадрено оружје. Јужна Африка, исто така, произвела неколку јадрени боеви глави во 1980-тите, но во 1990-тите станала првата земја што доброволно се откажала од своето јадрено оружје. Јадреното оружје е пуштено над 2.000 пати за проби и демонстрации.
|pages=
во положба 5 (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
|title=
во положба 6 (help)
|title=
во положба 6 (help)
„Јадрена војна“ на Ризницата ? |