Јосиф Флавиј | |
---|---|
Роден(а) | ок. 37 г.п.н.е Ерусалим, Римска Јудеја |
Починал(а) | ок. 100 (возраст 62–63) |
Значајни дела |
|
Влијанија од |
|
Влијаел(а) врз | |
Деца | 5 сина |
Јосиф Флавиј (старогрчки: Ἰώσηπος Φλάβιος, лат: Josephus Flavius;; ок. 37 – ок. 100) ― римо-еврејски историчар и воен водач од првиот век, најпознат по неговото дело Јудејската војна. Роден е во Ерусалим — тогаш дел од Римска Јудеја — од татко со свештеничко потекло и мајка која тврдела дека има кралско потекло.
За време на Првата еврејско-римска војна прво се борел против Римјаните како генерал на еврејската војска во Галилеја, а во 67 г.н.е. по шестнеделната опсада на Јодфат се предал на римската војска предводена од Веспазијан. Јосиф тврдел дека еврејските месијански пророштва претскажуваат дека Веспазијан ќе стане Римски цар. Поради претскажувањето, Веспазијан решил да го задржи Јосиф Флавиј како роб и веројатно преведувач. Откако Веспазијан, во 69 г.н.е. станал цар, го ослободил Јосиф, и тогаш Јосиф Флавиј го презел семејното име на царот Флавиј.
Флавиј Јосиф целосно преминал на римска страна и добил римско државјанство. Тој станал советник и пријател на синот од Веспазијан, Тит, и бил негов преведувач додека Тит го опсаднал Ерусалим во 70 г.н.е. Опсадата не успеала да го потисне еврејскиот бунт, и набрзо следело ограбување на градот и ограбување и уништувањето на Иродовиот храм (вториот храм).
Јосиф во свое дело го опишал Големото јудејско востание (66-70 н.е.), заедно со опсадата на Масада. Неговите најважни дела биле Јудејската војна ( ок. 75) и Еврејски антиквитети ( ок. 94). Јудејската војна раскажува за еврејскиот бунт против римската окупација. Еврејски антиквитети ја раскажува историјата на светот од еврејска перспектива за грчка и римска публика. Овие дела даваат вреден увид во јудаизмот од првиот век и за раното христијанство. Делата на Јосиф Флавиј, по Библијата, се главен извор за историјата на Древен Израел и обезбедуваат значајни и независни вонбиблиски списи за личности како: Понтиј Пилат, Ирод Велики, Јован Крстител, Јаков Праведниот, а можеби и за Исус од Назарет.
Делата на Јосиф Флавиј се основен извор за денешното сфаќање на еврејскиот живот и историја во текот на првиот век. Делата ги пишувал на грчки јазик.
Josephus was born into the ruling elite of Jerusalem
|
|