Џек Вилшер | |||
---|---|---|---|
Вилшер со Арсенал во 2014 г. | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Џек Ендру Гери Вилшер | ||
Роден на | 1 јануари 1992 | ||
Роден во | Стивениџ, Англија | ||
Висина | 1,72 м | ||
Позиција | Среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Вест Хем Јунајтед | ||
Број | TBD | ||
Младинска кариера | |||
2001 | Лутон Таун | ||
2001–2008 | Арсенал | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2008–2018 | Арсенал | 125 | (7) |
2010 | → Болтон | 14 | (1) |
2016–2017 | → Борнмут | 27 | (0) |
2018– | Вест Хем Јунајтед | 0 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2006–2007 | Англија 16 | 2 | (0) |
2007–2009 | Англија 17 | 9 | (0) |
2009 | Англија 19 | 1 | (0) |
2009 | Англија 21 | 7 | (0) |
2010– | Англија | 34 | (2) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 21:12, 24 мај 2015 (UTC) ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 18:00, 14 јуни 2015 (UTC) |
Џек Ендру Гари Вилшер (англиски: Jack Andrew Garry Wilshere; р. 1 јануари 1992) — англиски фудбалер, играч од средниот ред на Вест Хем Јунајтед и на англиската репрезентација.
Вилшер ја започнал својата кариера во академијата на Арсенал и оставил добар впечаток од рана возраст. Својот прв професионален настап за екипата на Арсенал го имал во 2008 година, со што станал најмлад дебитант во англиската Премиер лига, на возраст од 16 години и 256 дена. Вилшер добил многубројни признанија како што се најдобар млад играч во лигата, предложен во најдобрата екипа за сезоната 2010-2011 и играч на сезоната во Арсенал.
Вилшер моментално е сениорски репрезентативец на англиската репрезентација, а претходно ги поминувал сите категории, почнувајќио од онаа под 16 години, па понатаму под 17, под 19 и под 21 година. Својот прв настап за сениорската репрезентација на Англија го имал против репрезентацијата на Унгарија на возраст од 18 години и 222 дена, со што станал 10-ти најмлад дебитант во историјата на англиската репрезентација.
Вилшер е роден на 1 јануари 1992 година. Роден е во Стивинеџ и моментално живее во Хитчин. Уште од најрана возраст било јасно дека поседува голем талент за фудбал.
Вилшер и си приклучил на Академијата на Арсенал на возраст од 9 години, по краток престој во Лутон Таун.
На возраст од 15 години бил именуван за капитен на тимот под 16 години и имал настапи за тимот под 18 години. Менаџерот на Арсенал под 18 години му дал можност на Вилшер да настапува во 18 натпревари со што тој возвратил со 13 гола.
Во сезоната 2008 Џек Вилшер повеќе нема да игра во тимот на Арсенал под 18, тој е преместен во сениорскиот тим на Арсенал. Џек Вилшер ја добива целосната поддршка од тренерот Џек Вилшер.
На шеснаесет години и 329 дена, Џек Вилшер стана најмладиот играч на Арсенал. Рекордот претходно бил во сопственост на Сеск Фабрегас.
Во сезоната 2010 Арсенал сака Џек да се здобије со искуство, така што тие го праќаат Џек на позајмица во Болтон. Вилшер одигра во 14 натпревари за Болтон и импресионирани.Менаџерот на Болтон Овен Којл се обиде да го придобије Џек и да остане уште една сезона меѓутоа тоа заврши неуспешно.
На 31 август 2016 година, Вилшер замина на позајмица во Борнмут во сезоната 2016–17 и му беше доделен бројот 32 кој претходно го носел Енуан О Кане. На 10 септември 2016 година, Вилшер го одиграл својот прв натпревар за Борнемут против Вест Бромвич Албион, како замена во 63 минута, а Борнмут победил со 1-0. Вилшер бил избран за играч на Борнемут два последователни месеци, во ноември и декември. На 15 април 2017 година, Вилшер се здобил со фрактура на левата ножна коска по неговиот судир со Хари Кејн во натпреварот против Тотенхем на Вајт Харт Лејн. На 19 април 2017 година, било потврдено дека Вилшер ќе го пропушти остатокот од сезоната откако настапил 29 пати за Борнмут и било огласено дека ќе биде вратен во Арсенал.
|