Административна поделба на Полска

Територијата на Полска денес на национално ниво е поделена на војводства, понатаму поделени во окрузи (повјати), а тие пак поделени во основната административна единица, општините (гмини). Оваа тековна поделба е во функција од 1999 година. Денес Полска има 16 војводства, 380 окрузи и 2.478 општини. Наспроти овие три нивоа, општините може да се поделат и на помошни единици како оседле и дзелница за градовите, и солецтво за руралните средини.

Војводства

Карта на војводствата во Полска
Карта на војводствата во Полска

Главната административна единица во Полска е војводството (полски: województwo; мн. војводства, на полски: województwa). Со поделбата од 1999 година денес постојат 16 војводства. Надлежностите во војводството се поделени меѓу регионалниот гувернер наречен војвода, назначен од Владата, Војводскиот Сејмик (совет, регионално собрание), кој се избира на секои 5 години на избори, составен од советници, и меѓу извршната управа (zarząd województwa), која пак ја избира советот.

Список

Списокот е според азбучен ред на називите на војводствата.
Грб Код Рег.
таб.
Назив Површина
(км²)
Население
(30 јун. 2018)
28 N Варминско-мазурско Војводство
(województwo warmińsko-mazurskie)
24.173,47 1.431.299
30 P Големополско Војводство
(województwo wielkopolskie)
29.826,50 3.490.597
02 D Долношлеско Војводство
(województwo dolnośląskie)
19.946,70 2.901.003
32 Z Западнопоморско Војводство
(województwo zachodniopomorskie)
22.892,48 1.703.009
04 C Кујавско-поморско Војводство
(województwo kujawsko-pomorskie)
17.971,34 2.079.917
10 E Лоѓско Војводство
(województwo łódzkie)
18.218,95 2.470.610
06 L Лублинско Војводство
(województwo lubelskie)
25.122,46 2.121.613
08 F Лубушко Војводство
(województwo lubuskie)
13.987,93 1.015.440
14 W Мазовско Војводство
(województwo mazowieckie)
35.558,47 5.391.813
12 K Малополско Војводство
(województwo małopolskie)
15.182,79 3.395.663
16 O Ополско Војводство
(województwo opolskie)
9.411,87 988.014
20 B Подласко Војводство
(województwo podlaskie)
20.187,02 1.182.677
22 G Поморско Војводство
(województwo pomorskie)
18.310,34 2.328.214
18 R Поткарпатско Војводство
(województwo podkarpackie)
17.845,76 2.128.747
26 T Светокришко Војводство
(województwo świętokrzyskie)
11.710,50 1.244.383
24 S Шлеско Војводство
(województwo śląskie)
12.333,09 4.540.140

Окрузи

Второстепената административна единица е округот, во Полска наречен повјат (полски: powiat; мн. повјати, на полски: powiaty). Денес има 380 окрузи од кои 66 градски и 314 селски. Тие се потчинети на војводството, а самите се поделени пак во општини. Градовите се посебни целини со статус на градски окрузи (powiaty grodzkie, формално: miasta na prawach powiatu) и тие не се делат општини. Вообичаените окрузи се наречени „земски“ или „селски окрузи“ (powiaty ziemskie). Секој округ придавно е наречен по најважниот град во него.

Законодавната власт на округот ја има избран окружен совет (rada powiatu), а извршната е во рацете на окружната управа (zarząd powiatu). На чело на управата стои старешина (starosta), избран помеѓу членовите на советот. Службата на старешината се нарекува старешинство (starostwo). Кај градските окрузи, истите улоги ги имаат градскиот совет (rada miasta), градоначалникот (burmistrz или prezydent) и градската служба (urząd miasta).

Општини

Илустрација на карта на општините во Полска согласно 1 јануари 2008 г.

Третостепената но основна административна единица во државата е општината, наречена гмина (полски: gmina, мн. гмини, на полски: gminy). Општините се делат на три видови: градска општина, составена само од еден град, градско-селска, од помал град и околните села, и селска општина, составена само од неколку села, а ретко и само едно село. Општините имаат свои совети и избран градоначалник, познат како prezydent во поголемите градови, burmistrz во градовите и градско-селските општини и wójt во селските општини.

Помошни единици

Некои општини се делат понатаму и на помошни единици (полски: jednostki pomocnicze). Градските и урбани места вообичаено се делат во помошните единици оседле (osiedle) и дзелница (dzielnica), а за руралните средини се користи терминот солецтво (sołectwo), но се користат и многу други имиња како дистрикти, приселок, реони.

Наводи

  1. „Население. Состојба и структура и важни статистики за Полска според територијалната поделба во 2017 година, согласно 31 декември“ (PDF) (полски). Główny Urząd Statystyczny (Централен завод за статистика). Посетено на 8 декември 2018. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)