Аман (арап. عمان Ammān) е главен град на Кралството Јордан. Градот брои околу 1 200 000 жители. Аман е трговски, производствен и административен центар на Јордан.
Историја
Градот бил под власта на Асирците, персијците и Македонците. Тоа означува дека бил под големо влијание на различни цивилизации. Градот е древна амонска престолнина, а своевремено позната и како Рабат-Амон. Во време на Римското Царство, градот бил регионален центар познат по името Филаделфија по Птоломеј I Филаделфиј. Бил познат по тоа што се простирал на седум рида, како седумте рида на Рим.
Денес Аман е современ град, во кој живеат Муслимани и Христијани. Во градот има модерни згради, но и згради со стара архитектура. Градот се наоѓа на неколку километри од реката Јордан каде Исус Христос бил крстен од Јован Крстител. Во денешно време, градот е преполн со контрасти помеѓу модерното и древното.
Знаменитости
- Римски амфитеатар (169-177) со капацитет од 5.000 гледачи, која денес претставува туристичка атракција.
- Тврдина од римскиот и византискиот период,
- Храм на Хералке (Херкулес)
- Археолошкиот музеј на Јордан во кој се чуваат најстарите човечки пронајдоци од овие подрачја (стари 700.000 години),
- Сината Џамија
Географија
Аман се наоѓа во северозападниот дел на Јордан. Градот е изграден на седум ридови.
Наводи
|
---|
| | | Северна Азија | Јужна Азија | Југоисточна Азија | Западна Азија | |
Средна Азија
Источна Азија
| |
- Бангкок, Тајланд
- Бандар Сери Бегаван, Брунеј
- Вест Ајленд, Кокосови Острови (Австралија)
- Виентијан, Лаос
- Дили, Источен Тимор
- Куала Лумпур, Малезија
- Манила, Филипини
- Непјидо, Мјанмар
- Пном Пен, Камбоџа
- Сингапур
- Флаинг Фиш Коув, Божиќен Остров (Австралија)
- Ханој, Виетнам
- Џакарта, Индонезија
|
- Абу Даби, Обединети Арапски Емирати
- Аман, Јордан
- Анкара, Турција
- Багдад, Ирак
- Баку, Азербејџан
- Бејрут, Либан
- Дамаск, Сирија
- Доха, Катар
- Епископи, Акротири и Декелија (ОК)
- Ерусалим, Израел *
- Каиро, Египет
- Кувајт, Кувајт
- Манама, Бахреин
|
- Ереван, Ерменија
- Левкозија, Кипар
- Мускат, Оман
- Рамала, Палестина (дефакто) *
- Ријад, Саудиска Арабија
- Сана, Јемен
- Северна Левкозија, Северен Кипар
- Степанакерт, Арцах
- Сухуми, Абхазија
- Тбилиси, Грузија
- Техеран, Иран
- Цхинвал, Јужна Осетија
|
| | * Статусот е предмет на спор. |
|