Ахенска катедрала | |
---|---|
Aachener Dom | |
Катедралата во 2014 година | |
Основни податоци | |
Место | Ахен, Германија |
Координати | 50°46′29.1″N 6°5′2.12″E / 50.774750° СГШ; 6.0839222° ИГД |
Припадност | римокатоличка |
Митрополија | Ахенска диецеза |
Осветен | 805 |
Архитектонски тип | катедрала |
Архитектонски стил | каролиншка, отонска, готска |
Поставен темел | 796 |
Должина | 73 m |
Ширина | 56 m |
Кули | 1 |
Висина на кулата | 72 m |
Светско наследство на УНЕСКО | |
Критериум | Cultural: i, ii, iv, vi |
Навод | 3 |
Запис | 1978 (II заседание) |
Површина | 0,2 ha |
Преоден појас | 67 ha |
Ахенска катедрала (германски: Aachener Dom) – римокатоличка црква во Ахен, Германија, епископско седиште на римокатоличката диоцеза во Ахен.
Катедралата се состои од неколку градби, кои биле создавани од ерата на раниот среден век до денешно време. Каролиншкиот осумаголник, порано познат и како Палатинска капела на кралската палата во Ахен, е најважниот архитектонски пример за каролиншката ренесанса. Карло Велики ја зел централната зграда и западната зграда изградена на крајот на осмиот век како јадро за неговата палата. Поставувањето на камен-темелникот било во 795 година, а градењето завршило околу 803 година. Каролиншката палатинска црква е опкружена со неколку доградби од подоцнежните времиња, вклучувајќи ја и салата за готскиот хор на исток.
Катедралата стара повеќе од 1200 години е хетерогено изградена, нејзината градба била под влијание на повеќе епохи и таа претрпела повеќе разрушувања, доградувања и била повеќепати уредувана. Функцијата на црквата се менувала многупати во текот на историјата, на почетокот била Каролиншка палатинска капела, а денес се води како епископска црква. Како место на култот на Карло, колегиумската црква од 936 до 1531 била место каде што се крунисувале римско-германските кралеви. На почетокот на 19 век оваа градба била прогласена за катедрала.
„Ахенска катедрала“ на Ризницата ? |
|