Венда | |
---|---|
Tshivenḓa | |
Застапен во | ЈАР, Зимбабве |
Подрачје | покраина Лимпопо |
Говорници | 980.000 во ЈАР (2006) 84.000 во Зимбабве (1989) |
Јазично семејство | |
Писмо | латиница |
Статус | |
Службен во | ЈАР |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | ve |
ISO 639-2 | ven |
ISO 639-3 | ven |
Linguasphere | 99-AUT-b вклуч. варијанти 99-AUT-baa до 99-AUT-bad |
Гатриев код | S.20 (S.21) |
Географска распространетост на јазикот венда во ЈАР: дел од населението што говори венда во домот. |
Венда (самон. чивенда или лувенда) е банту-јазик со статус на службен јазик во ЈАР. Највеќето говорници на јазикот живеат во северниот дел на покраината Лимпопо во ЈАР, а 10% живеат во Зимбабве. Венда е сроден со јазикот каланга (западен шона) што се говори во Боцвана и Зимбабве. За време на апартхејдот е создаден бантустанот Венда како дом на говорниците на овој јазик во ЈАР.
Јазикот венда ја користи латиницата со пет посебни акцентирани букви. Четирите забни согласки се означени со подредни ченгелчиња (ḓ, ḽ, ṋ, ṱ), а заднонепченото ṅ е означено со надредна точка. Постојат пет самогласни букви, а со нив се претставуваат седум самогласки. Буквите C, J и Q се користат само во странски зборови.
A a | B b | (C c) | D d | Ḓ ḓ | E e | F f | G g | |
H h | I i | (J j) | K k | L l | Ḽ ḽ | M m | N n | |
Ṋ ṋ | Ṅ ṅ | O o | P p | (Q q) | R r | S s | T t | |
Ṱ ṱ | U u | V v | W w | X x | Y y | Z z |
Јазикот венда ги разликува забните ṱ, ṱh, ḓ, ṋ, ḽ од венечните t, th, d, n, l, како и усненозабните f, v од двоуснените fh, vh (овие малку заоблени), што е одлика и на еве. Не постојат чкрапави согласки; x го претставува гласот „х“. Како и кај другите јужноафрикански јазици како зулу, ph, ṱh, th, kh се приздивни, а p, ṱ, t, k се исфрлени.
pʰ | t̪ʰ | tʰ | kʰ | kʷʰ | ||||
pʼ | t̪ʼ | tʼ | kʼ | pʷʼ | ||||
b | d̪ | d | dʲ | ɡ | bʷ | |||
pfʰ | tsʰ | tsʷʰ | tʃʰ | |||||
bv | dz | dzʷ | dʒ | |||||
ɸ | f | s | sʷ | ʃ | x | h | ||
β | v | z | zʷ | ʒ | ||||
m | n̪ | n | ɲ | ŋ | ŋʷ | |||
l̪ | l | |||||||
r | ||||||||
j | w |
Издание на Википедија — слободната енциклопедија на венда (јазик) |
|