Вермахт | |
---|---|
Вооружени сили на Третиот Рајх | |
Грбот на Вермахт, | |
Активна | 1935–45 |
Земја | Трет Рајх |
Припадност | Адолф Хитлер |
Род | Армија Морнарица Воздухопловни сили |
Улога | Вооружени сили на Третиот Рајх |
Големина | 18,200,000 |
Бои | Feldgrau |
Битки | Шпанска граѓанска војна Втора светска војна |
Одликувања | See |
Команданти | |
Истакнати команданти | Херман Геринг Вилхелм Кајтел Алфред Јодл Ерих Редер Карл Дениц Хајнц Гудеријан Ервин Ромел Ерих фон Манштајн Герд фон Рундштет |
Обележја | |
Знак | Балкенкројц |
Знак | Свастика |
Вермахт (германски: Wehrmacht, во превод „одбранбени сили“) — обединети вооружени сили на Нацистичка Германија во периодот од 1935 до 1946 година. Вермахтот се состоел од Армија (германски: Heer), Морнарица (германски: Kriegsmarine) и Воздухопловни сили (германски: Luftwaffe). Терминот Вермахт го заменил претходниот во употреба термин Рајхсвер, кој се употребувал за време на Вајмарската Република. Вермахтот бил резултат на напорите на Третиот Рајх да се вооружи во поголема мера од дозволеното според Версајскиот договор.
По нацистичкото одземање на власта во 1933 година, еден од најобичните и храбри потези на Адолф Хитлер бил да се воспостави Вермахт, модерна вооружена сила, целосно способна за воинствени акции. Исполнувањето на долгорочните цели на нацистичкиот режим за враќање на изгубената територија и доминација довело до повторно враќање на регрутацијата и масивни инвестиции и трошоци во областа на вооружената индустрија. Во декември 1941 година, Хитлер се прогласил за главен командант на Вермахтот.
Вермахтот го создало срцето на германската политичко-воена сила. Во раниот дел од Втората светска војна, генералите на Хитлер успешно го користеле блицкриг, иновативна тактика со комбинирано оружје. Новата воена структура преку уникатните борбени техники, новото развиеното оружје и брзината и бруталноста без преседан ги поразувале слободно нивните противници.
Тесно соработувајќи со Шуцштафел (особено на Источниот фронт), германските вооружени сили извршиле бројни воени злосторства , и покрај подоцнежните негирања. До крајот на војната во Европа во мај 1945 година, Вермахтот изгубил околу 11.300.000 војници, од кои околу половина од нив биле исчезнати или убиени за време на војната. Само неколку од горните раководства на Вермахтот биле судени за воени злосторства, и покрај доказите што укажувале на тоа дека повеќето од нив биле вклучени во нелегални активности.