Владислав II Јагиело

Владислав II Јагиело
Владислав Јагиело

Јогаила (ок. 1352/1362 – 1 јуни 1434), подоцна познат како Владислав II Јагиело (полски: [vwaˈdɨswaf jaˈɡʲɛwwɔ] ),[nb 1] бил Велик кнез на Литванија (1377–1381 и од 1382–1401), а потоа и крал на Полска (1386–1434), најпрво заедно со неговата жена Јадвига до 1399, а потоа како единствен владетел на Полска. Роден како паган, тој подоцна го прифатил католицизмот во 1386 и бил крстен како Ладислав (полски: Władysław) во Краков, се оженил со младата полска кралица Јадвига, и бил крунисан за крал на Полска како Владислав II Јагиело. Во 1387, ја конвертирал Литванија во католицизам. По смртта на кралицата Јадвига во 1399, тој продолжил да владее како единствен владетел на Полска уште триесет и пет години, и ги поставил темелите на повеќевековната Полско–Литванска унија. Тој е основач на Јагелонската династија во Полска, која претходно била позната како Гедиминиди во Великото Литванско кнежевство. Династијата владеела со двете држави до 1572,[nb 2] и станала една од највлијателните династии во средновековна и рана нововековна Европа.

Јогаила бил последниот пагански владетел на средновековна Литванија. Откако станал крал на Полска, како разултат на Унијата од Крево, новоформираната Полско-Литванска унија се соочила со растечката моќ на Тевтонскиот ред. Сојузничката победа во битката кај Грунвалд во 1410, проследена со мировниот договор во Торн, ги обезбедила полските и литванските граници и ја означила појавата на полско-литванскиот сојуз како значајна сила во Европа. За време на владеењето на Владислав II Јагиело била проширена полската граница и често се смета за почеток на златното доба на Полска.

Белешки

  1. Тој е познат под повеќе имиња: литвански: Jogaila Algirdaitis; полски: Władysław II Jagiełło; белоруски: Jahajła (Ягайла).
  2. Ана Јагелонка, последниот член на Јагелонската династија, починала во 1596.
  1. Grzęda, Mateusz (15 February 2022). „Ladislaus II Jagiełło (1386–1434)“. Encyclopedia (англиски). 2 (1): 515, 525. doi:10.3390/encyclopedia2010034. ISSN 2673-8392.