Германски јазици | |
---|---|
Народност: | Германски народи |
Географска распространетост: | првично северна, западна и централна Европа, денес и Америка и Океанија. |
Класификација: | индоевропски
|
Прајазик: | прагермански |
Гранки: |
источногермански јазици (мртви)
|
ISO 639-5: | gem |
Држави каде германски јазик е првјазик
Држави каде германски јазик е службен, но не е прв јазик |
Германски јазици — јазична група, дел од семејството на индоевропски јазици. Германските јазици се зборуваат од над 500 милиони луѓе. Германските јазици се зборуваат во Западна, Северна и Централна Европа, како и во Америка и Океанија.
Во групата на западногермански јазици спаѓаат трите најзборувани германски јазици: англиски со околу 360–400 милиони говорници;[nb 1] германски, со над 100 милиони говорници; и холандски, со 24 милиони говорници. Други западногермански јазици се африканс, настанат од холандскиот кој го зборуваат Африканерите во Јужна Африка, со над 7.1 милиони говорници; долногерманскиот, кој се смета за засебна група на нестандардизирани дијалекти, со околу 4.35–7.15 милиони говорници и околу 6.7–10 милиони луѓе кои можат да го разберат (околу 2.2 милиони во Германија (2016) и 2.15 милиони во Холандија (2003)); јидиш, зборуван од околу 13 милиони Евреи пред Втората светска војна во Европа, а денес со околу 1.5 милиони говорници; шкотски, со 1.5 милиони говорници; лимбуршки со приближно 1.3 милиони говорници долж холандско–белгиско–германската граница; и фризискиот со околу 500,000 говорници во Холандија и Германија.
Најголеми северногермански јазици се шведскиот, данскиот и норвешкиот, кои се делумно меѓусебно разбирливи и заедно имаат околу 20 милиони говорници во нордиските земји и дополнително уште пет милиони говорници како втор јазик; во Средниот век овие јазици биле под силно влијание на среднодолногерманскиот јазик, кој спаѓа во групата на западногермански јазици, и според различни проценки околу 30–60% од нивниот вокабулар има долногерманско потекло. Други јазици во оваа група се фарскиот, исландскиот и елфдалскиот, кои се поконзервативни и без значајно влијание од долногерманскиот, имаат посложена граматика и ограничена меѓусебна разбирливост со другите северногермански јазици.
Во групата на источногермански јазици спаѓаат готскиот, бургундскиот и вандалскиот јазик, од кои сите се изумрени. Последен изумрел кримско-готскиот јазик, кој бил зборуван до крајот на 18ти век во некои изолирани подрачја на Крим.
Симбол:
† - мртви јазици, вештачки зачувани во црквата или познати на науката по текстови.
Англискиот е службен јазик во Белиз, Канада, Фолклендски Острови, Нов Зеланд, Јужна Африка, Филипини, Порторико, Гуам и поранешните колонии на Британија во Азија, Африка и Океанија. Де факто јазикот е службен во САД, Велика Британија и Австралија.
Германскиот е службен во Германија, Австрија, Швајцарија и Лихтенштајн. Иако Германија имала колонии, јазикот не станал доминантен во тие области, како што е примерот во Намибија. Германскиот има одреден степен на официјализирање во Луксембург, Белгија, Италија, Полска и Данска.
Третиот најголем германски јазик е холандскиот. Тој е службен во Холандија, Аруба, Белгија, Курасао, Свети Мартин и Суринам. Шведскиот е службен во Шведска и Финска. Останатите германски јазици се официјални само во своите матични држави.
|
|
<ref>
; нема зададено текст за наводите по име yivo-yiddish
.
Грешка во наводот: Има ознаки <ref>
за група именувана како „nb“, но нема соодветна ознака <references group="nb"/>
.