Гибралтарски Проток (арапски: مضيق جبل طارق, шпански: Estrecho de Gibraltar) — проток кој ги поврзува Атлантскиот Океан и Средоземното Море, a ги раздвојува Шпанија и Гибралтар во Европа од Мароко во Африка.
Името доаѓа од арапското Џебел Тарик што значи планината Тарик и се однесува на умајадскиот берберски војсководец Тарик ибн-Зијад кој го предводел арапското освојување на Шпанија во 711 г.
Во најтесниот дел, ширината на морето е 13 км. Длабочината варира помеѓу 300 и 900м. Помеѓу двата континента има постојана траектна линија.
На северната страна на протокот се Шпанија и Гибралтар, а на јужната се Мароко и Сеута, која е шпанска енклава во Северна Африка. Карпите околу протокот во антиката биле познати како „Херкулови Столбови“. Во околината има неколку мали острови за кои се води територијален спор меѓу Шпанија и Мароко.
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |