Даниел Малдини | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Даниел Малдини | ||
Роден на | 11 октомври 2001 | ||
Роден во | Милано, Италија | ||
Висина | м | 1,87||
Позиција |
среден ред напад | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Специја | ||
Број | 30 | ||
Младинска кариера | |||
2010–2020 | Милан | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2020– | Милан | 15 | (1) |
2022– | → Специја | 0 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2019 | Италија 18 | 2 | (0) |
2019– | Италија 19 | 2 | (0) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 25 февруари 2022 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 7 октомври 2021 |
Даниел Малдини (роден на 11 октомври 2001 година во Милано, Италија) — италијански фудбалер кој настапува за екипата на ФК Специја како позајмен играч од ФК Милан на позиција среден ред.
Малдини е роден во Милано, како втор син Паоло Малдини и Адријана Фоса, модел од Венецуела. Неговиот дедо Чезаре исто така бил капитен на Милан во 60-тите години на минатиот век како и неговиот татко. Неговиот постар брат Кристијан настапувал за младинските екипи на Милан и продолжил да игра професионално на пониско ниво.
Даниел се приклучил на младинскиот систем на Милан во 2010 година, и во текот на следните години поминал низ различните тимови по возрасни групи, од Пулчини до 10 години до Примавера до 19 години. Во сезоната 2016-17, тој бил дел од составот што го освоил Државното првенство за играчи до 16 години (Кампионато Национале до 16 години), победувајќи ја Рома со 5-2 во финалето .
На 21 март 2020 година било потврдено дека Даниел и неговиот татко биле позитивни на КОВИД-19, во услови на пандемија во Италија. До 8 април, тој и неговиот татко се опоравиле.
На 29 јули 2022 година, Специја, објавила дека Малдини му се приклучил на клубот на едногодишна позајмица од Милан.
Малдини дебитирал за сениорскиот тим на Милан на натпреварот против ФК верона на 2 февруари 2020 година, кој завршил со резултат од 1:1, влегувајќи како дополнителна замена за Саму Кастиљехо.
На 15 септември 2021 година, Малдини дебитирал против Ливерпул во поразот со 3–2 на своето деби во Лигата на шампионите. На 25 септември, Малдини го започнал својот прв натпревар за Милан во Серија А и го постигнал првиот гол во победата од 2–1 на гости против Специја.
Малдини дебитирал за Италија на ниво до 18 години во победата со 2-0 против Холандија на 22 март 2019 година . Последователно, тој имал и два настапи за репрезентацијата до 19 години во истата година.
Иако во неговите рани денови Малдини играл како бранител како и неговиот татко Паоло и дедо Чезаре, тој наскоро започнал да игра во средниот ред. Денес тој главно игра како напаѓач за врска, позиција што одговара на неговата способност за игра, дриблинг вештини, контрола на топката и визија.
Клуб | Сезона | Лига | Национален куп | Лига куп | Останато | Вкупно | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Нат. | Гол. | Нат. | Гол. | Нат. | Гол. | Нат. | Гол. | Нат. | Гол. | ||
Милан | 2019–20 | Серија А | 2 | 0 | 0 | 0 | — | — | 2 | 0 | ||
2020-21 | 5 | 0 | 0 | 0 | 4 | 0 | — | 9 | 0 | |||
2021-22 | 8 | 1 | 2 | 0 | 3 | 0 | — | 13 | 1 | |||
Вкупно | 15 | 1 | 2 | 0 | 7 | 0 | 0 | 0 | 24 | 1 | ||
Специја | 2022-23 | Серија А | 0 | 0 | 1 | 1 | — | — | 1 | 1 | ||
Вкупно | 15 | 1 | 3 | 1 | 7 | 0 | 0 | 0 | 25 | 2 |