Детски избор за песна на Евровизија или скратено Детска Евровизија — музичко натпреварување наменето за деца. Се одржува од 2003 година, а натпреварувачите мора да бидат на возраст од 9 до 14 години. Основана е со цел да им се даде можност на младите пејачи пред нивните евентуални настапи на Евровизија. Натпреварувањето е организирано од страна на ЕБУ.
Потекло и историја
Потеклото на натпреварувањето датира од 2000 година, кога Данското радио одржало натпревар за избор на песна за данските деца таа година и следната година. Идејата била продолжена на Скандинавскиот фестивал во 2002 година, познат под името МГП Нордик, каде учествувале натпреварувачи од Данска, Норвешка и Шведска. Тоа го инспирирало ЕБУ да ја земе идејата за Евровизија која вклучува деца и отвориле конкурс за сите радиодифузерски членки на ЕБУ што го прави пан-европски настан. Работниот наслов на програмата бил "Евровизија за децата" (Eurovision Song Contest for Children). Веднаш потоа, Данска побарала да биде домаќин на првото издание поради нивното искуство на организирање свои натпревари и МГП Нордик.
По успешното организирање на првиот натпревар, вториот се соочуваал со неколку проблеми со локацијата. Настанот првично требало да биде организиран од страна на британскиот радиодифузер ITV во Манчестер. Меѓутоа подоцна поради финансиски причини, британците се повлекле од организацијата на настанот. Се верува дека за донесената одлука важен бил уште еден фактор, падот на рејтингот на публика. Подоцна, ЕБУ им понудиле на хрватскиот радиодифузер ХРТ, кој победил на натпреварот во 2003, да биде организатор на настанот во Загреб; и покрај тоа што подоцна се покажа дека ХРТ "заборавиле" да резервираат место во кое натпревар би се одржал. Конечно, на пет месеци пред почетокот на настанот, норвешкиот радиодифузер НРК поднесол барање да биде домаќин на натпреварувањето во Лилехамер.
↑„MGP Nordic 2002“ (дански). esconnet.dk. 27 April 2002. Архивирано од изворникот на 2007-10-25. Посетено на 3 May 2008. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
↑„Results of the 2005 contest“. Oikotimes. 29 November 2005. Архивирано од изворникот на 2008-11-23. Посетено на 10 June 2009. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)