Драма (филмски жанр)

Однесено од виорот — епска љубовна драма

Драмафилмски жанр заснован на развојот, честопати емотивен, на реалистични ликови што заплетот ги става во судир едни со други, со самите себе, со општеството, па дури и со природните појави. Жанрот е исклучително широк, вклучувајќи бројни поджанрови како криминалистичка драма, љубовна драма, историска драма и други. Сите облици на кино или телевизија што вклучуваат измислени приказни се видови драма во поширока смисла, доколку нивното раскажување се постигнува со помош на глумци што претставуваат ликови. Во оваа поширока смисла, драмата е начин различен од романите, расказите и раскажувачката поезија или песните. Во современата епоха, пред раѓањето на киното или телевизијата, „драмата“ во театарот била вид претстава што не била ниту комедија, ниту трагедија. Токму оваа потесна смисла ја усвоиле филмската и телевизиската индустрија, заедно со филмските студии. „Радиодрама“ се користела во двете смисли — првично пренесена во изведба во живо, искористена била и за да се опише посериозниот крај на драмското производство на радиото.

Наводи

  1. „Drama“. Merriam-Webster, Incorporated. 2015. a play, movie, television show, that is about a serious subject and is not meant to make the audience laugh
  2. www.allmovie.com
  3. Elam (1980, 98).
  4. Banham (1998, 894–900).

Надворешни врски