Европска народна партија | |
---|---|
Водач | Доналд Туск (PL) Жан Клод Јункер (LU) |
Претседател | Жозеф Дол (FR) |
Основана | 8 јули 1976 |
Бои | Сина |
Европски парламент | 216 / 751 |
Европски Совет | 8 / 28 |
Мрежно место | |
epp.eu | |
Политика на Европска Унија Политички партии Избори |
Европската народна партија (на англиски: European People's Party, скратено EPP) е европска политичка партија чии идеолошки гледишта се христијанско-демократски, конзервативни и либерално-конзервативни. Како транснационална организација, таа е составена од повеќе политички партии. Европската народна партија е создадена во 1976 година од неколку христијанско-демократски партии. Нејзин претседател од 2019 година е поранешниот премиер на Полска и претседател на Европскиот совет, Доналд Туск. Европската народна партија е најголемата партија во Европскиот парламент од 1999 година и во Европскиот совет од 2002 година.