Расена | |||||
Расна | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Проширеноста на етрурската цивилизација и дванаесетте етрурски градови.
| |||||
Главен град | Велзна | ||||
Јазици | Етрурски јазик | ||||
Вероисповед | Етруска | ||||
Уредување | Неукажано | ||||
Законодавство | Етрурска лига | ||||
Историски период | Антички | ||||
- | Виланованска култура | 768 п.н.е | |||
- | Римско освојување на Волсинии | 264 п.н.е | |||
Денес во | Италија Франција |
Етрурска цивилизација е модерно име дадено на цивилизацијата на античка Италија во областа на Тоскана, западна Умбрија и северниот дел на Лацио.
Етрурците или како се нарекувале себеси Расена, што беше синкопирано на Расна. Оваа цивилизација се одликувала со уникатен јазик, и опстојувала од времето на најраните етрурски натписи (ц. 700 п.н.е.) сè до нејзината асимилацијата во Римската република во доцниот 4 век п.н.е. Кога била најголема, во текот на периодот на основањето на Рим и Римското Кралство, беше поделена на 3 града: Етрурија, Лацио и Кампанија.
Културата се развила во Италија во околу 800 година п.н.е. Студиите на митохондриската ДНК (2013) покажуваат дека Етрурците биле многу слични на неолитското население од Средна Европа и друго тосканско население. Тие биле иманентни политеисти.
Етрурците биле моногамно општество што го нагласувало спарувањето. Исто така е можно грчките и римските ставови за Етрурците да биле резултат на недоразбирањето за местото на жените во нивното општество. Во Грција, како и во Рим, респектабилните жени биле затворени во куќата и дружењето меѓу половите не се случувало. Така слободата на жените во рамките на етрурското општеството можело погрешно да било разбрано како имплицирање на нивна сексуална достапност. Вреди да се напомене дека голем број на етрурските гробови носат погребни натписи во форма "Х син на (таткото) и (мајката)", укажувајќи на важноста на мајчината страна на семејството, се смета дека етрурското било матрилинеарно општество.
Потеклото на Етрурците е изгубено во праисторијата. Историчарите немаат литература, немаат оригинални текстови за религијата и филозофијата; Затоа, многу од она што е познато за оваа цивилизација е изведено од предметите во гробовите.
Многу, ако не и повеќе, од етрурските градови биле постари од Рим. Рим веројатно беше мала населба до доаѓањето на Етрурците кои ја воспоставиле почетната урбана инфраструктура, како што се системите за одводнување. Се верува дека етрурскиот стил на владата се промени од тотална монархија во олигархиска република (како Римската република) во 6 век п.н.е. Етрурската архитектура направи траен придонес во архитектурата на Италија, која била усвоена од страна на Римјаните и преку нив стана стандард во западната цивилизација.
|publisher=
(help); |access-date=
бара |url=
(help)
|