III Зимски олимписки игри - Лејк Плесид 1932
|
|
Град домаќин
|
Лејк Плесид, САД
|
Број на држави
|
17
|
Број на спортисти
|
252
|
Број на спортови
|
4
|
Број на натпревари
|
14
|
Отворање
|
{{{Отворање}}}
|
Затворање
|
15 февруари 1932
|
Стадион
|
|
III Зимски олимписки игри се одржале од 4 февруари до 15 февруари 1932 година во Лејк Плесид, САД. Игрите требале да се одржат во Биг Пинес, Калифорнија, но поради времеснките услови и недостатокот од снег, биле префрлени во Лејк Плесид.
Игрите се одржале во време на големата економска криза, со што организацијата била отежната и делумно трошоците за организација биле покриени со приватни донации.
Краток преглед
- Игрите официјално биле прогласени за отворени од страна на гувернерот на Њујорк, Френклин Делано Рузвелт, кој истата година бил избран за претседател на САД.
- Соња Хени го одбранила златото, освоено во уметничко лизгање во женска конкуренција од претходните игри. Златото го одбранила и француската спортска двојка Андре Жоли и Пјер Бруне, но истото не успеал да го направи Гилис Графстром, кој завршил втор, зад Австриецот Карл Шрефер, со што не успеал да го освои и четвртото последователно злато на Олимписките игри.
- Ирвинг Џафи победил во трките на 5000 и 10000 m во брзо лизгање, победувајќи го во трката на 10000 m првакот од претходните игри и актуелен светски рекордер Ивар Балангруд, со предност помала од 5 m.
Спортови
Медали биле доделени во 14 дисциплини во 4 спортови. Демонстративни спортови биле карлингот, трки со санки, влечени од кучиња и брзо лизгање за жени.
Распоред на натпревари
Во продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови, но само во спортовите за кои биле доделени медали.
● |
Церемонија ан отворање |
● |
Квалификациски натпревари |
● |
Финални натпревари |
● |
Церемонија на затворање
|
Земји-учеснички
Поради влијанието на големата економска криза, на игрите учествувале само 252 спортисти од 17 земји. Немало земји, кои за првпат испратиле спортисти, а учеството во однос на претходните игри го откажале: Аргентина, Естонија, Летонија, Литванија, Луксембург, Мексико, Холандија и Кралството Југославија.
Освојувачи на медали
Поврзано
Надворешни врски