XII Зимски олимписки игри - Инсбрук 1976 | |
Град домаќин | Инсбрук, Австрија |
Број на држави | 37 |
Број на спортисти | 1123 (892 мажи и 231 жена) |
Број на спортови | 6 |
Број на натпревари | 37 |
Отворање | {{{Отворање}}} |
Затворање | 15 февруари 1976 |
Стадион |
XII Зимски олимписки игри се одржале од 4 до 15 февруари 1976 година во Инсбрук, Австрија. Меѓународниот олимписки комитет имал доста потешкотии со организацијата на овие игри. Имено, првоизбраниот град-домаќин на игрите Денвер, поради неможноста за остварување на финансискиот план, кој не бил изгласан на реферндум од страна на граѓаните, градот морал да се откаже од организацијата. Следниот кандидат бил градот Винслер, но и во овој случај имало тешкотии, бидејќи по изборот на новата влада, челниците се ооткажале од организацијата на игрите. Тогаш, од МОК стигнала молба до градот Инсбрук, кој како град-домаќин на Зимските олимпсики игри 1964 ја имал потребната инфраструктура, само 12 години по организирањето на игрите, повторно да биде град-домаќин.
Маскота на игрите бил тиролскиот снешко.
Игрите биле одбележани по строгите безбедносни мерки, поради стравот од терористички напади, како ониие четири години порано, кога за време на одржувањето на Летните олимписки игри во 1972 година, 8 Палестинци киднапирале 11 израелски спортисти.
Во конкуренција за организација на игрите биле градовите: Денвер, Сион, Тампере и Вислер. Организацијата на игрите му била доделена на градот Денвер во мај 1970, но трикратното зголемување м на трошоците и грижата за околината совеле, градот да се откаже од организацијата на игрите на 7 ноември 1972, откако граѓаните на референдум не ја изгласале можноста, организацијата на игрите да се финансира со издавање на хартии од вредност во износ од 5 милиони $.
Официјално, денвер се откажал од организацијата на игрите на 15 ноември, а МОК организацијата му ја понудил на градот Вислер во Канада, кој поради незаинтересираноста на новоизбраната влада да ја финансира организацијата на игрите, морал да се откаже од истата. Конечно, организацијата на игрите била доделана на градот Инсбрук.
Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Зимските олимписки игри 1976 | |||||
---|---|---|---|---|---|
Град | Земја | Прв круг | Втор круг | Тет круг | |
Денвер | САД | 29 | 29 | 39 | |
Сион | Швајцарија | 18 | 31 | 30 | |
Тампере | Финска | 12 | 8 | - | |
Ванкувер-Гарибалди | Канада | 9 | - | - |
Натпревари за освојување на медали имало во 37 дисциплини во 6 спортови.
На игрите учествувале 1123 спортисти од 37 земји. Република Кина, за последен пат на Олимписките игри учествувала под ова име. По признавањето на НР Кина како легитимна земја со власт над целата територија на Кина, спортистите од Република Кина биле принудени да настапуваат под името Кинески Тајпеј, со старо знаме и национална песна, наместо државната химна. За првпат на Зимските олимписки игри уествувале споритисти од Андора и Сан Марино.
Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | СССР | 13 | 6 | 8 | 27 |
2 | Источна Германија | 7 | 5 | 7 | 19 |
3 | САД | 3 | 3 | 1 | 7 |
4 | Норвешка | 3 | 3 | 1 | 7 |
5 | Западна Германија | 2 | 5 | 3 | 10 |
6 | Финска | 2 | 4 | 1 | 7 |
7 | Австрија | 2 | 2 | 2 | 6 |
8 | Швајцарија | 1 | 3 | 1 | 5 |
9 | Холандија | 1 | 2 | 3 | 6 |
10 | Италија | 1 | 2 | 1 | 4 |
„Зимски олимписки игри 1976“ на Ризницата ? |
|