Изборна измама

Изборна измама (нарекувана и како изборна манипулација, изборни нерегуларности, измама на гласачите. изборен фалсификат или изборна кражба), е незаконско мешање во изборниот процес, преку зголемување на бројот на гласови за претпочитаниот кандидат, намалување на бројот на гласови за неговите противници, или и двете; со цел победа на изборите.

Многу видови изборни измами се забранети со изборниот закон, но има и други закони кои забрануваат вакви постапки, особено законите што забрануваат физички напад, малтретирање или клевета. Иако поимот „изборна измама“ ги опфаќа само оние дела што се незаконски, понекогаш се користи и за да се опишат легални активности кои се сметаат за неморални, кои не се во духот на фер избори или со кои се кршат принципите на демократијата. Изборите на кои може да се гласа само за еден кандидат честопати се сметаат како изборна измама, иако тие можат да се во согласност со закон и се повеќе еден вид референдуми.

Кај тесни избори, дури и најмала измама може да биде одлучувачка. Обелоденувањето на изборни измами, дури и да не влијаат на конечниот резултат, може да ја намали довербата на гласачите во демократијата.

Менување на гласачкото тело

Изборна измама може да се случи пред гласањето преку менување на составот на гласачкото тело. Намерното менување на изборните резултати се смета за прекршување на принципите на демократијата.

Вештачка миграција или членство во партија

Честопати властите можат вештачки да го менуваат составот на гласачкото тело (електоратот) со цел да се постигне посакуваниот исход на изборите.

Ова се прави преку преместување на голем број гласачи од една изборна единица во друга, на пример со привремено доделување на земјиште, нови патни исправи или со сместување во бунгалови и кампови. За да се спречи ова, во многу земји се донесени закони кои наведуваат дека гласачот мора да живее во изборната единица во наведен минимален период (на пример, шест месеци) за да се стекне со право на глас во таа единица. Меѓутоа, овие закони може да се користат за демографска манипулација бидејќи тежнеат да ги обесправат (дисквалификуваат од гласање) лицата без постојано место на живеење.

Друга стратегија е трајно преместување на луѓе во изборна единица, претежно во државни станови. Ако се верува дека луѓето со право на државно домување ќе гласаат за одредена партија, тогаш тие или се концентрираат во една изборна единица каде што недостигаат гласови.

Законот за државјанство, исто така, може да се користи за менување на демографијата на избирачкото тело. На пример, во Малезија им се даваше државјанство на иселеници од соседните Филипини и Индонезија, вклучително и право на глас, со цел одредена политичка партија да „доминира“ со државата Сабах.

Ова се поврзува и со методот за фалсификување на внатрепартиски избори и други избори на партиски лидери. Луѓето кои поддржуваат одредена партија можат привремено да се приклучат на друга партија со цел да изберат послаб кандидат за раководител на таа партија. Конечната цел е да се победи слабиот кандидат на општите избори од страна на лидерот на партијата што тие гласачи всушност ја поддржуваат. Се тврди дека овој метод бил користен на изборите за лидер на Лабуристичката партија во Обединетото Кралство во 2015 година, кога конзервативецот Тоби Јанг ги повика конзервативците да им се придружат на лабуристите и да гласаат за Џереми Корбин со цел „да ги испратат лабуристите во заборав“.

Обесправување (одземање на право на глас)

Составот на гласачкото тело може да се менува и со одземање на правото на глас на група луѓе со одредени демографски одлики, со што им се оневозможува да гласаат. Државите понекогаш носат одредби со кои се поставуваат пречки за регистрација на гласачите во избирачкиот список, како што се такси за гласање, тестови за писменост и разбирање на јазик и слично, кои во пракса се применуваат против малцинските групи со дискриминаторски ефект. Со ваквите практики се дискриминираат религиозни или етнички групи, и можат да доведат до искривување на политичкиот процес, а избраното тело станува крајно нерепрезентативо.

Одредени групи може да бидат обесправени преку воведување барања со што им се оневозможува да гласаат или гласањето им е неисплатливо. На пример, барањето гласачите да гласаат во својата изборна единица може да го одземе правото на глас на воени лица, затвореници, студенти, болнички пациенти или секој оној што не може да се врати во својот дом.  Гласањето може да се закаже во несоодветни денови, како на пример во работен ден или за некој верски празник: на пример, Шабат или други свети денови на одредена верска група, чии учења укажуваат дека гласањето е забрането на таков ден. Обесправување има и доколку гласачките места се наоѓаат во области каде безбедноста на гласачите е загрозена (во воени или конфликтни зони), или не се во разумна близина (руралните заедници се особено засегнати со ова). 

Во одредени случаи, гласачите може да бидат намерно обесправени, што е вистинска изборна измама. На пример, гласачот може „ненамерно“ да биде отстранет од избирачкиот список, што го оневозможува на лицето да гласа.

Поддршка од опозициони крила

Беатрис Мегалони, професор на Универзитетот Стенфорд, опиша модел на управување со однесувањето кај автократските режими. Таа наведува дека владејачките партии можат да имаат политичка контрола во демократски систем без активно манипулирање со гласовите или заплашување на електоратот. Под соодветни услови, рамнотежата во демократскиот систем се постигнува на начин во кој поделениот опозиционен блок несвесно се однесува како соучесник во еднопартиска власт. Така владејачкиот режим не мора да посегне кон незаконска изборна измама.

Заплашување

Со заплашувањето на гласачите се врши притисок врз гласачот или група гласачи, со цел тие да гласаат на одреден начин, или воопшто да не гласаат. Апстинентите од гласање и другите гласања на далечина се поизложени на некои форми на заплашување. Заплашувањето се јавува во различни форми, како вербално, физичко или принудување.

  • Насилство или закана со насилство: Наједноставно, група на гласачи кои поддржуваат одредена политичка опција или кандидат се директно подложни на закани од поддржувачите на друга опција или кандидат. Во други случаи, поддржувачите на одредена партија ставаат до знаење дека ако се утврди дека одредено село или населба гласало за „друг“ кандидат, ќе се одмаздат на таа заедница. Еден значаен пример за целосно насилство беше биотерористичкиот напад во Рајнеши во 1984 година, каде што следбениците на Багван Шри Рајнеш намерно ги контаминираа салатите во Далес, Орегон, во обид да ја ослабнат политичката опозиција за време на изборите во округот.
  • Напади врз избирачки места: Гласачките места во област за која се знае дека поддржува одредена партија или кандидат може да бидат цел на вандализам, уништување или закани, со што ќе им се отежни или оневозможи на луѓето во таа област да гласаат.
  • Законски закани: Во овој случај, гласачите се убедуваат, без разлика дали е тоа точно или не, дека според законот немаат право на глас или дека според законот се обврзани да гласаат на одреден начин. Гласачите кои не си ги познаваат своите гласачки права, исто така, можат да бидат заплашувани (директно или индиректно) од некои лица од власта кои наведуваат лицата кои што гласале без да имаат право ќе бидат затворени, депортирани или казнети на друг начин.
    • На пример, во 2004 година, во Висконсин, гласачите наводно добиле летоци на кои пишувало: „Ако веќе сте гласале на било кои избори оваа година, немате право да гласате на претседателските избори“, што значи дека оние што гласале на претходните прелиминарни избори немаат право на глас. Исто така, „Ако некој во вашето семејство некогаш бил осудуван, не можете да гласате на претседателските избори“. И на крај, „Ако прекршите некој од овие закони, можете да добиете 10 години затвор, а вашите деца ќе ви бидат одземени“.
  • Принуда: Мнозинството од гласачкото тело ќе се обиде да ги убеди другите (опозиционите гласачи) да им се приклучат. Преку истакнување и оцрнување на лица кои се против мнозинството, се обидуваат да ја сменат одлуката на останатите гласачи. Опозициските гласачи би требало да го признаат поразот и да се приклучат на победничката страна. Ако ова не им успее, посегнуваат кон закани со насилство видено безброј пати за време на изборите.

Дезинформација

Луѓето можат да пласираат лажни или двосмислени информации со цел да влијаат на исходот на изборите.

Друга вид на дезинформација е кога на гласачите им се даваат неточни информации за времето или местото на гласање, со цел да ја пропуштат шансата да гласаат.

Купување гласови

Купувањето гласови е кога политичката партија или кандидат се обидува да го купи гласот на избирачот на претстојните избори со нудење на парични средства, или основни намирници за живот како противуслуга. Ваквата пракса често се користи за да се поттикнат или убедат гласачите да излезат на изборите и да гласаат на одреден начин. Иако е незаконска во многу земји ширум светот, сепак е широко распространета.

Партиите, може да ангажираат мешетари, кои во јавноста се обидуваат да најдат неопределени гласачи и се пазарат со нив за да гласаат за нивната опција.

Купувањето гласови може да се јави и во форма на „купување на излезност“, каде што едно лице носи повеќе луѓе на гласање, кои со сигурност би гласале за посакуваната опција.

Кон кого да се цели

Еден од основните проблеми при купување гласови лежи во прашањето која популација или група избирачи се подложни на прифаќање компензација во замена за нивниот глас. Теоретичари како Стоукс сметаат дека неопределените гласачи треба да бидат на мета.

Други пак тврдат дека треба да се цели кон луѓето со низок личен доход, затоа што тие најверојатно ќе ја прифатат паричната или други форми на компензација.

Како се следи гласањето со купени гласови

Ако гласачките ливчиња се праќаат по пошта до гласачите, купувачот на гласови може да ги пополни или да види како се пополнети. Многу е потешко следењето кога гласачките ливчиња тајно се уфрлаат на избирачко место. Гласачите кои сакаат да бидат обесштетени за нивните гласови би користеле посебно доставени гласачки ливчиња или треба да го превиткат гласачкото ливче на одреден начин за да докажат дека гласале за кандидатот за кој биле платени да гласаат.

Ако купувачот може да добие празно гласачко ливче (со кражба, фалсификат или ливче од некој апстинент од гласање), тогаш тој ќе може да го заокружи својот кандидат на гласачкото ливче и да му плати на избирачот да го однесе претходно заокруженото гласачко ливче до избирачко место, разменувајќи го за празното ливче што гласачот го добил на избирачкото место. Ова е познато како верижно гласање или бугарски воз.

Тек на гласање и резултати

Гласачки ливчиња кои збунуваат или доведуваат во заблуда

Гласачките ливчиња може да имаат дизајн или други одлики што би ги збунуле гласачите да гласаат за различен кандидат. На пример, гласачки ливчиња во форма на заштитен знак на одредена политичка партија.

Друг метод за збунување на луѓето да гласаат за различен кандидат е да се кандидираат кандидати или да се формираат политички партии со слични имиња или симболи како постоечките кандидати или партији; со цел гласачите да се доведат во заблуда и да гласаат за лажниот кандидат или партија и со тоа да влијаат врз резултатите. Овие тактики не се противзаконски, но се спротивни на принципите на демократијата.

Полнење на кутии

Прозирна гласачка кутија што се користи во Украина за да се спречи полнење кутии.

Полнење на гласачки кутии, или „полнење кутии“, е незаконска активност кога едно лице става повеќе гласачки ливчиња во кутијата за време на гласањето во кое е дозволено само едно ливче по лице.

Погрешно евидентирање на гласовите

На некои избори има случаи кога службениците задолжени за помош при гласање ги евидентираат гласовите на избирачитеили поинаку од нивната волја. Гласачите на кои им е потребна помош при гласањето се особено ранливи на ваква изборна кражба. На пример, на слепо или неписмено лице може да му се каже дека гласале за една партија, а всушност се заокружува друга партија во нивно име.

Злоупотреби при гласање со полномошник

Гласањето преку полномошник е исто така подложно на изборни измами. Имено, гласачот му дава полномоштво на друго лице да гласа во негово име, и понекогаш може да се јави јаз во довербата меѓу гласачот и полномошникот. Во неколку земји, имало приговори дека од лицата сместени во пензионерски или старачки домови се барало да пополнат формулари за „отсуство“ По потпишувањето, биле собирани и тајно се преправени како апликации за гласање преку полномошник, при што партиските активисти или нивни пријатели и роднини биле назначени како полномошници. Овие луѓе, непознати за гласачот, го даваат гласот за партија по свој избор занемарувајќи ја волјата на гласачот. Во Обединетото Кралство, ова е познато како „одгледување на баби“.

Уништување или поништување на гласачките ливчиња

Еден од наједноставните методи за изборна измама е гласачките ливчиња на кој е заокружен политичкиот противник да се направат неважечки. Масовното уништување на гласачките ливчиња е тешко спроводливо без тоа да биде забележано, но во тесни избори, можно е неприметно уништување на мал број гласачки ливчиња, а со тоа да се промени целокупниот изборен резултат. Ако се забележат случаи на намерно уништување на гласачки ливчиња, целокупниот процес на гласање се повторува за тоа избирачко место.

Семејно гласање, групно гласање и лажно претставување

Фалсификување на резултатите

Во некои режими, изборниот процес честопати може да биде обична формалност, до оној степен во кој официјалнте лица едноставно објавуваат какви резултати кои што им одговараат, без притоа да се потрудат да ги пребројуваат гласовите.

Откривање и спречување

Три основни стратегии за спречување на изборни измами се:

  1. Набљудување на изборниот процес и проверка на гласовите
  2. Одвраќање од изборни измами преку кривичен прогон за прекршителите
  3. Подигање на нивото на етика и морал во општеството.

Основните тактики за спречување измами може да се групираат во две групи: тајност и транспарентност. Преку тајното гласање се спречуваат многу видови на заплашување и продажба на гласови, а со транспарентноста на сите останати нивоа во изборниот процес се спречува и открива на местењето на гласови.

Набљудување на изборниот процес и проверка на гласовите

Проверка на гласачките ливчиња се однесува на секој надзор спроведен по затворањето на гласачките места со цел да се утврди дали точно се преброиле гласовите (проверка на резултатите) или дали изборите се спроведувале според пропишаниот начин (набљудување на избирачкиот процес), или и двете.

Има различни видови проверки, а може да опфаќаат проверка дали: бројот на гласачи кои го искористиле правото на глас се совпаѓа со бројот на гласачки ливчиња, пломбите на гласачките кутии и во просториите за складирање гласачки ливчиња се недопирани, печатот на гласачките ливчиња се совпаѓа со бројот на гласачкото место, имаат печат машинското броење на гласови (доколку се користи) се совпаѓа со рачното пребројување.

Кривично гонење

Општа култура, етика и морал

Предноста од подигањето на општата култура како стратегија за спречување на изборни измами е во тоа што таа е ефикасна кај сите изборни модели. Нејзин недостаток е што во вакви општества поединци можат лесно да извршат изборна измама која би поминала незабележано, најмногу поради тоа довербата што ја имаат граѓаните во ситемот и општеството.

Тајно гласање

Се верува дека тајното гласање, во кое само гласачот знае за кого гласал, е клучно во обезбедувањето на слободни и фер избори, и за заштита на гласачите од заплашување или одмазда. Според други, тајното гласање поттикнува изборна измама (затоа што е потешко да се утврди дали гласовите правилно се преброени), и дека го обесхрабрува учеството на гласачите на изборите.

Транспарентност

Методите за спречување на изборна измама вклучуваат и целосно транспарентен изборни процес за сите гласачи, од номинирањето на кандидати до уфрлањето гласовите во гласачката кутија и пребројувањето на гласовите.

Честопати, во изборниот процес се вклучуваат и набљудувачи на изборите со цел за спречување измами и да ги уверување за фер избори.

Поврзано

Наводи

  1. „The Myth of Voter Fraud“ (англиски). Brennan Center for Justice. Архивирано од изворникот на 2019-09-27. Посетено на 2020-11-07.
  2. Jones, Douglas (2005-10-07). „Threats to Voting Systems“. University of Iowa. Архивирано од изворникот на 2020-09-30. Посетено на 2020-06-25.
  3. 3,0 3,1 Myagkov, Mikhail G.; Peter C. Ordeshook; Dimitri Shakin (2009). The Forensics of Election Fraud: Russia and Ukraine. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-76470-4. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Myagkov“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  4. Alvarez, Michael; Hall, Thad; Hyde, Susan (2008). Election Fraud: Detecting and Deterring Electoral Manipulation.[ISBN missing]
  5. Архивирано на {{{2}}}.
  6. Williamson, Chilton (1968). American Suffrage from Property to Democracy. Princeton, NJ: Princeton U. Press. ASIN B000FMPMK6.
  7. Saltman, Roy G. (January 2006). The History and Politics of Voting Technology. Palgrave Macmillan. ISBN 1-4039-6392-4. Архивирано од изворникот на 2009-12-14. Посетено на 2006-07-04.
  8. Sadiq, Kamal (2005). „When States Prefer Non-Citizens Over Citizens: Conflict Over Illegal Immigration into Malaysia“ (PDF). International Studies Quarterly. 49: 101–22. doi:10.1111/j.0020-8833.2005.00336.x. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-06-14. Посетено на 2008-04-23.
  9. Young, Toby (17 June 2015). „Why Tories should join Labour and back Jeremy Corbyn“. The Daily Telegraph. Архивирано од изворникот на 24 April 2018. Посетено на 5 April 2018.
  10. „Labour's response to #ToriesForCorbyn shows they really have lost the plot – Coffee House“. 24 June 2015. Архивирано од изворникот на 28 August 2017. Посетено на 15 January 2021.
  11. Bazelon, Emily (2018-09-26). „Will Florida's Ex-Felons Finally Regain the Right to Vote?“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Архивирано од изворникот на 2020-01-04. Посетено на 2018-12-04.
  12. Magaloni, Beatriz. „Autocratic Elections, Voters, and the Game of Fraud“ (PDF). Yale Macmillan Center. Архивирано од изворникот (PDF) на 22 December 2015. Посетено на 10 December 2015.
  13. Sullivan, Joseph F. (1993-11-13). „Florio's Defeat Revives Memories of G.O.P. Activities in 1981“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 2009-03-07. Посетено на 2008-10-07.
  14. на {{{2}}}.
  15. „Intimidation and Deceptive Practices EP365“. Архивирано од изворникот на 2008-01-21. Посетено на 2018-04-23.
  16. „Incidents Of Voter Intimidation & Suppression“. 2006-11-08. Архивирано од изворникот на April 4, 2007. Посетено на 2012-05-03.
  17. „Lynne Rienner Publishers – Elections for Sale The Causes and Consequences of Vote Buying“. rienner.com. Архивирано од изворникот на 2021-01-15. Посетено на 2018-04-22.
  18. Mark Wahlgren Summers (2004). Party Games: Getting, Keeping, and Using Power in Gilded Age Politics. ISBN 978-0-8078-5537-9.
  19. Larreguy, Horacio; Marshall, John; Querubín, Pablo (2016). „Parties, Brokers, and Voter Mobilization: How Turnout Buying Depends Upon the Party's Capacity to Monitor Brokers“. American Political Science Review. 110: 160–179. doi:10.1017/S0003055415000593.
  20. Stokes, Susan C (2005). „Perverse Accountability: A Formal Model of Machine Politics with Evidence from Argentina“. American Political Science Review. 99 (3): 315. doi:10.1017/S0003055405051683. S2CID 36014179.
  21. 21,0 21,1 Stokes, Susan C (2005). „Perverse Accountability: A Formal Model of Machine Politics with Evidence from Argentina“. American Political Science Review. 99 (3): 315. doi:10.1017/S0003055405051683. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Stokes2005“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  22. Jones, Douglas (2005-10-07). „Chain Voting“ (PDF). University of Iowa. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-06-28. Посетено на 2020-06-25.
  23. Hicks, Jonathon (July 24, 2004). „Seeing Double on Ballot: Similar Names Sow Confusion“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 2009-03-04. Посетено на 18 December 2008.
  24. „Row over Alzheimer woman's proxy“. BBC News (англиски). 2005-05-04. Архивирано од изворникот на 19 April 2016. Посетено на 13 November 2018.
  25. „Should secret voting be mandatory? 'Yes' say political scientists“. 26 October 2020. Посетено на 2021-04-20.
  26. „Scrap the "secret" ballot – return to open voting“. Архивирано од изворникот на 2016-08-07. Посетено на 2016-07-16.
  27. Todd Davies. „Consequences of the Secret Ballot“ (PDF). Symbolic Systems Program, Stanford University. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-10-11. Посетено на 2016-07-16.
  28. „Abolish the Secret Ballot“. The Atlantic. Архивирано од изворникот 2017-03-12. Посетено на 2017-03-06.
  29. Lundin, Leigh (2008-08-17). „Dangerous Ideas“. Voting Fiasco, Part 279.236(a). Criminal Brief. Архивирано од изворникот на 2013-04-04. Посетено на 2010-10-07.