Бароница Карен фон Бликсен | |
---|---|
Роден/а | 17 април 1885 Ересунд, Данска |
Починат/а | 7 септември 1962 Ересунд, Данска | (возр. 77)
Занимање | Писател |
Значајни дела | Надвор од Африка, Бабетин пир, Седум Готски Приказни |
Карен фон Бликсен (17 април 1885 - 7 септември 1962), моминско Карен Кристенз Динесен, беше данска авторка исто така позната по својот псевдоним Исак Динесен. Таа, исто така пишувала под псевдонимите Тања Бликсен, Оцеола и Пјер Андезел. Бликсен има напишано дела на дански, француски и англиски јазик.
Бликсен е најдобро позната по Надвор од Африка, опис на нејзиниот престој во Кенија, и еден од нејзините приказни, Бабетин пир, и двете од кои се адаптирани во филмови кои добиле Оскар. Пред издавањето на првиот филм, таа се истакна со Седум Готски Приказни.
Петер Енглунд, секретар на Шведската академија, тоа што Бликсен не била наградена со Нобелова награда за литература во 1930-тите го опиша како грешка. Иако никогаш не ја добила наградата, таа заврши на третото место зад Греам Грин во 1961 година, кога Иво Андриќ бил добитник на наградата.
Бликсен била нашироко почитувана од современици како Ернест Хемингвеј и Труман Капоте, и за време на нејзината посета на САД во 1959 година, писателите кои ја посетиле вклучуваат Артур Милер, Едвард Естлин Камингс, и Перл Бак. Таа исто така се состана со Мерилин Монро. Таа била обожава од Сесил Битон и патронот Полин де Ротшилд од семејството Ротшилд.
|