Лавовската Област (украински: Львівська область) — една од 24-те области на Украина. Се наоѓа во најзападниот дел на земјата. Taa е дел од историската област Галиција (Источна Галиција). Граничи со Волинската, Ивано-Франковската, Закарпатската и Тернополската Област. На запад, Лавовската област граничи со Полска. Опфаќа површина од 21 833 км2. Во областа има 1 849 села и 44 градови.
Од 1991 година, областа е дел на независна Украина.
Демографија
Според пописот на населението во 2001 година, во Лавовската Област живеат најмногу Украинци (90%), а останатите се Руси (200 000), Пољаци, Германци, Евреи.
↑Статистичний збірник «Регіони України» 2016. Частина І / За редакцією І. М. Жук. Відповідальний за випуск М. Б. Тімоніна. — К.: Державна служба статистики України, 2016. (укр.)