Лирој Сане | |||
---|---|---|---|
Сане со Германија во 2016 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Лирој Ази Сане | ||
Роден на | 11 јануари 1996 | ||
Роден во | Есен, Германија | ||
Висина | 1.84 m | ||
Позиција | крило | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Манчестер Сити | ||
Број | 19 | ||
Младинска кариера | |||
2001–2005 | СГ Ватеншеид 09 | ||
2005–2008 | Шалке 04 | ||
2008–2011 | Бајер Леверкузен | ||
2011–2014 | Шалке 04 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2014–2016 | Шалке 04 | 77 | (22) |
2016–2020 | Манчестер Сити | 90 | (25) |
2020- | Баерн Минхен | 90 | (20) |
Репрезентација ‡ | |||
2014–2015 | Германија 19 | 11 | (8) |
2015– | Германија 21 | 10 | (5) |
2015– | Германија | 50 | (11) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 27 December 2017 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 10 November 2017 |
Лирој Азиз Сане (француски изговор: , гермснки изговор: ; роден на 11 јануари 1996 година) — германски професионален фудбалер кој игра како крило за Баерн Минхен и репрезентацијата на Германија.
Лирој Сане започнал да игра фудбал во 2001 година за младинскиот тим на СГ Ватеншеид 09, за кој неговиот татко играл во неговата рана кариера. Во 2005 година, тој се приклучил на Шалке 04.Три години подоцна тој се преселил во Бајер 04 Леверкузен, но во 2011 година Сане и се вратил на младинската академија (Nachwuchsleistungszentrum) на Шалке 04.
На 21 март 2014 година, Сане потпишал тригодишен професионален договор со Шалке 04 се до 30 јуни 2017. Сане го остварил своето деби во Бундес Лигата на 20 април 2014 година, во натпреварот против Штутгардт. Тој го заменил Maкс Мејер во 77 минути при пораз од 3-1.
На 2 август 2016 година, Сане се приклучил на Манчестер Сити, потпишувајќи петгодишен договор за пријавени £37 милиони евра, со перформанси поврзани со потенцијално зголемување на надоместокот од £46.5 милиони евра. Тој го направил своето деби во победата од 1-2, во манчестерското дерби, на 10 септември. Својот прв гол за Сити го постигнал во победата од 2-1 против Арсенал на домашен терен во Премиер лигата. По здобиените повреди, Сане се вратил против Тотенхем и постигнал гол во нерешениот натпреварт од 2-2 на Етихад. Во следниот натпревар, тој постигнал трет последователен гол за победа на Сити од 3-0 против Кристал Палас во ФА Купот.
Сане го добил својот прв сениорски повик од германската репрезентација на 6 ноември 2015 за пријателскиот натпревар против Франција. На 13 ноември 2015 година, Сане бил заменет во 61-та минута од страна на Џулијан Дракслер на Сент-Дени, со што ќе се бидат поразени од 2-0, засенети од престрелките и експлозиите околу стадионот
Сане бил избран од страна на германскиот селектор Јоаким Лев да ја претставува земјата на Евро 2016 година. Тој учествувал во еден натпревар, заменувајќи го Бастиан Швајнштагер во 79 минути во поразот на Германија од 2-0 во полуфиналиот натпревар против Франција.
Сане е син на поранешната германска ритмичка гимнастичарка Реџина Вебер, која настапила на Летната Олимпијада во 1984 година и освоила бронзен медал и поранешениот фудбалер од Сенегал Сулејман Сане. Сулејман Сане бил израснат во Франција; и тој дошол во Германија преку неговата служба во француската армија. Лирој Сане е роден во Есен, Северна Рајна-Вестфалија и израснал во близина на Lohrheidestadion во Ватеншеид. Тој бил именуван во чест на Лирој Клод Ле Рој, поранешниот тренер на неговиот татко. Лирој има двојно германско и француско државјанство.