Лозер Lozère Losera (окситански) | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
Француски департман | ||||||
Местопооложба на Лозер во Франција | ||||||
Држава | Франција | |||||
Региони | Окситанија | |||||
Департман | 4 март 1790 | |||||
Префектура | Манд | |||||
Потпрефектура | Флорак Троа Ривиер | |||||
Управа | ||||||
• Претседател на Департманскиот совет | Софи Пантел (СП) | |||||
Површина | ||||||
• Вкупна | 5.166,9 км2 (1,995,0 ми2) | |||||
Население (2019) | ||||||
• Вкупно | 76.604 | |||||
• Ранг | 102-ри | |||||
• Густина | 15/км2 (38/ми2) | |||||
Часовен појас | СЕВ (UTC+1) | |||||
• Лете (ЛСВ) | СЕЛВ (UTC+2) | |||||
ISO 3166 | FR-48 | |||||
Број на департманот | 48 | |||||
Арондисмани | 2 | |||||
Кантони | 13 | |||||
Општини | 152 | |||||
Мреж. место | lozere.fr |
Лозер (француски: Lozère; окситански: Losera) — департман без излез на море во регионот Окситанија во Јужна Франција, се наоѓа во близина на Централниот Масив. Опкружен е со департманите Горна Лоара на североисток, Ардеш на исток, Гард на југ, Авејрон на запад и Кантал на северозапад. Името го добил по планината Мон Лозер. Со 76.604 жители заклучно со 2019 година, Лозер е најмалку населениот француски департман.
Лозер е основан во 1790 година за време на Француската револуција, кога цела Франција била поделена на департмани, заменувајќи ги старите покраини. Лозер е образуван од дел од старата покраина Лангедок.
Плиниевата Природна историја го пофалила сирењето од Лозер:
Меѓу 1764 и 1767 година, Ѕверот од Геводан, суштество за кое се верувало дека е голем волк или необично животно, ја напаствувал областа во планините Маржерид во поранешната провинција Геводан (речиси еднаква со модерниот департман Лозер).
Лозер има површина од 5.166,9 квадратни километри. Тој е најсеверниот департман во сегашниот регион Окситанија и е опкружен со пет департмани кои припаѓаат на два региони: департманите Кантал, Горна Лоара и Ардеш во регионот Оверњ-Рона-Алпи и департманите Гард и Авејрон во регионот Окситанија.
Географијата на Лозер е сложена, опфаќа четири планински венци. На северозапад, базалтната висорамнина Обрак се издига меѓу 1000 и 1450 м, со студена влажна клима под влијание на Атлантикот. Северот и североисточниот дел на департманот ги содржат планините Маржерид, кои се образувани од гранит и имаат врвови меѓу 1000 и 1550 метри надморска висина. Климата овде е исто така студена, но посува отколку во Обрак, со помалку снег.
Кос е низа од многу суви варовнички висорамнини на југозапад, а југоисточниот дел ги содржи Севените, кои ја вклучуваат највисоката точка во департманот, гранитниот Мон Лозер со 1.702 метри.
Низ департманот течат бројни реки, над и под земја, вклучувајќи ја и Тарн, чиј извор е на Мон Лозер и која тече низ Тарнската Клисура во Кос.
Развој на населението од 1801 година:
Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1801 | 126,503 | — |
1806 | 143,247 | +13.2% |
1821 | 133,934 | −6.5% |
1831 | 140,347 | +4.8% |
1841 | 140,788 | +0.3% |
1851 | 144,705 | +2.8% |
1861 | 137,367 | −5.1% |
1872 | 135,19 | −1.6% |
1881 | 143,565 | +6.2% |
1891 | 135,517 | −5.6% |
1901 | 128,866 | −4.9% |
1911 | 122,738 | −4.8% |
1921 | 108,822 | −11.3% |
1931 | 101,849 | −6.4% |
1936 | 98,48 | −3.3% |
1946 | 90,523 | −8.1% |
1954 | 82,391 | −9.0% |
1962 | 81,868 | −0.6% |
1968 | 77,258 | −5.6% |
1975 | 74,825 | −3.1% |
1982 | 74,294 | −0.7% |
1990 | 72,825 | −2.0% |
1999 | 73,509 | +0.9% |
2006 | 76,806 | +4.5% |
2011 | 77,156 | +0.5% |
2016 | 76,422 | −1.0% |
Лозер е најмалку населениот француски департман. Во 2019 година броел 76.604 жители, со густина на населеност од 14,83 жители/км 2 . Населението во департманот е слично по големина на она на Андора, соседната земја на југ. Од крајот на 19 век, департманот бележи пад на населението поради иселувањето, последните петнаесет години сепак покажале нагорен тренд. Причините за овој тренд се квалитетот на животната средина, подобрувањето на патниот превоз и комуникациската мрежа и во помала мера хелиотропизмот. Тоа е постаро население со висока куповна моќ.
Населението е концентрирано во три главни средишта: Манд, Сен Шели-д'Апшер и Марвежол, кои заедно сочинуваат една третина од населението на департманот. Некои други мали средишта (Лангоњ, Флорак, Омон-Обрак, Ла Канург, итн.) се појавуваат како мали области за живеење, но не можат да привлечат млади луѓе. Иселувањето кон соседните метрополи (Клермон-Феран на север, Монпелје и Ним на југ) е сè поголемо.
Поради неговата мала густина на населеност, се смета дека спаѓа во празната дијагонала.
Најнаселена општина е Манд, која воедно е и префектура на департманот. Од 2019 година, има 3 општини со повеќе од 3.000 жители:
Општина | Население (2019) |
---|---|
Манд | 12.318 |
Марвежол | 4.684 |
Сен Шели-д'Апшер | 4.211 |
Департманот е управуван од Департманскиот совет на Лозер во Манд. Од 2015 година, претседател на советот е Софи Пантел. Лозер е дел од регионот Окситанија.
Во Лозер има 2 окрузи, 13 кантони и 152 општини.
ИНСЕЕ код |
Арондисман | Главен град | Население (2019) | Површина (км2) |
Густина (жители/км2) |
Општини |
---|---|---|---|---|---|---|
481 | Флорак | Флорак | 13.050 | 1.687 | 7,74/км2 | 38 |
482 | Ман | Манд | 63.554 | 3.479 | 18,27/км2 | 114 |
Главните дејности се сточарството и туризмот. Во Лозер едвај има обработливо земјоделство поради лошиот квалитет на почвата. Во Обрак најраспространето е сточарството.
Регионот има една од најниските стапки на невработеност во Франција, што може да се припише на присилната долгогодишна традиција според која младите емигрираат во градовите како Лион, Марсеј, Монпелје кога ќе достигнат работоспособна возраст.
Лозер е селски департман, со релативно малку земјиште зафатено од патишта и градби. Целокупната употреба на земјиштето е поделена на следниов начин:
Изборна единица | Член | Партија | |
---|---|---|---|
Изборна единица на Лозер | Пјер Морел-А-Л'Уисје | Републиканци |
Туристичките активности вклучуваат спелеонарство и различни спортови, како што се скијање и кајак. Лозер содржи дел од Народниот парк Севени. Лозер се смета за една од најдобрите области во Франција за риболов на пастрмка. Реките како што се Лот, Тарн и Тријер се особено познати по пастрмката.
Википатување има туристички водич за Лозер. |
|