Луиз Глик | |
---|---|
Глик околу 1977 г. | |
Изворно име | Louise Glück |
Роден/а | Луиз Елизабет Глик 22 април 1943 Њујорк, САД |
Починат/а | 13 октомври 2023 | (возр. 80)
Занимање |
|
Образование | |
Период | 1968–до денес |
Значајни дела | Ахиловиот триумф (1985) Дива перуника (1992) |
Значајни награди |
|
Луиз Глик (англиски: Louise Elisabeth Glück; 22 април 1943 - 13 октомври 2023) — американска поетеса. Добитничка на Пулицеровата награда за поезија во 1993 година.
Родена е во 1943 г. во Њујорк. Во 2020 година, ја добила Нобеловата награда за книжевност за нејзиниот „непогрешлив поетски глас што, по својата строга убавина, го прави поединечното постоење универзално.“
Нејзиното целосно име е Луиз Елизабет Глик. Потомок е на унгарски Евреи кои емигрирале во Америка. Учела на колеџите „Сара Лоренс“ и „Колумбија. Нејзината поезија припаѓа на објективистичката поетика, создадена во текот на 30-тите години на минатиот век, чии главни претставници биле Луис Зуковски, Чарлс Резникоф, Џорџ Опен и Карл Ракоси. Следејќи ја оваа поетика, таа ги третира песните како предмети, истакнувајќи ја сериозноста, интелигенцијата и способноста на поетот да го разбере светот со употреба на обични секојдневни зборови. Во својот есеј „Докази и теории“, таа наведува дека застапува поезија која се приближува до тишината и се граничи со исчезнувањето. Во 1993 година, ја добила Пулицеровата награда за книгата „Дива перуника“. Била поетеса-лауреатка на Конгресната библиотека 2003-2004 година. Во моментов е писател-резидент на универзитетот Јејл и предавач на програмата за творечко пишување на универзитетот во Бостон. Живее во Кембриџ, во државата Масачусетс.
|accessdate=
(help)
|
|
|