Падот на Сребреница и Жепа | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Граѓанската војна во БиХ | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Република Српска 10. диверзиски одред | Босна и Херцеговина Холандија |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Ратко Младиќ Радислав Крстиќ Милорад Пелемиш Дражен Ердемовиќ | Насер Ориќ Авдо Палиќ Тон Карреманс |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
300-500 убиени и ранени | 2000 убиени , 35632 (+10000[се бара извор]) бегалци (Сребреница,Жепа→Тузла,Кладањ), 800 бегалци (→Србија) 750 i 1500 пленени (Сребреница и Жепа) |
Масакрот во Сребреница, познат и како Геноцидот во Сребреница бил извршен во периодот од 11. до 23 јули 1995. година во текот на војната во БиХ од страна на војската на босанските Срби, и се состоел од убиство на над 8.000 босански муслимани, претежно мажи, во и околу Сребреница, БиХ. Покрај војската на босанските Срби, предводена од генерал Ратко Младиќ, во масакрот учествувале и паравоени единици од Србија познати како шкорпии, кои работеле под контрола на Министерството за внатрешни работи на Србија до 1991.
Обединетите нации ја имале прогласено Сребреница за „безбедна зона“ под своја заштита, и поради тоа многу бегалци и раселени од други региони во БиХ исто така се наоѓале во Сребреница. Безбедната зона ја надгледувале 400 вооружени холандски мировници.
И покрај присуството на мировните сили на ОН (познати како УНПРОФОР), како и уверувањето на нивниот заповедник, генералот Моријон, дека Сребреница ќе биде заштитена, Војската на Република Српска и паравоените единици непречено навлегле во Сребреница на 11 јули 1995., ги раздвоиле мажите од жените, и ги однеле мажите во заробеништво надвор од градот. Потоа, во период од 12 дена, заробениците биле систематски убивани и закопувани во неозначени гробници во регионот, во групи од по неколку десетици, до неколку стотици луѓе. Најголем број биле убиени во местото Поточари, каде што денес се наоѓа и меморијалниот центар. На жените кои останале во Сребреница, околу 25.000, им било дозволено да се евакуираат од градот, после што градот и околината останале под српска власт.
Повеќето убиени биле мажи на возраст од 18-60 години, но помеѓу жртвите имало и деца под 15 години, старци и жени, па дури и бебиња.
Масакрот во Сребреница е најголемо масовно убиство во Европа по Втората светска војна. Во 2004. година, Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија (МСПЈ) едногласно пресудил дека масакрот во Сребреница бил геноцид.
Во 2007. Меѓународниот суд на правдата пресудил дека „Србија ја прекршила обврската да го спречи геноцидот“ и дека Србија мора да соработува со меѓународниот суд во изведувањето на одговорните пред лицето на правдата. Неколку лица барани од (МСПЈ) и понатаму се во бегство, и се претпоставува дека се кријат во БиХ или во Србија.
Прелиминарниот список на исчезнати или загинати во Сребреница составен од федералната комисија на БиХ содржел 8.372 имиња, од кои околку 500 биле под 18 години, и вклучувал неколку десетици жени и девојки. До јули 2009, 6.186 жртви биле идентификувани преку ДНК-анализа, а 3.125 се погребани во меморијалниот центар. До 1 мај 2009. се откриени 6.006 тела. Сепак, никој со сигурност не го знае конечниот број на убиени, бидејќи таква евиденција не постоела, а убиените се закопувани во групни неозначени гробници ширум регионот. Последната масовна гробница досега (јули 2009.) е откриена во мај 2009. Во септември 2016 година, Европскиот суд за човекови права едногласно ја отфрлил тужбата на група Бошњаци кои барале кривична одговорност за тројца припадници на холандската војска, како и за холандските власти, со обвинение дека ја попречувале истрагата за тројцата војници.
|