Вид место | база на податоци |
---|---|
Сопственик | Проект за растителни имиња |
Создавач | Кралски ботанички градини во Кју, Харвардски хербариум и Австралиски национален хербариум |
Адреса | ipni.org |
Место на Алекса | 469.881 (април 2014) |
Комерцијално | не |
Зачленување | незадолжително |
Меѓународен индекс на растителни имиња (англиски: International Plant Names Index, крат. IPNI) — бесплатна база на податоци која ги содржи имињата на семените, папратните и црвоточните растенија и дава библиоградски податоци за истите. Најдобро се опфатени видовите и родовите. Целта на базата е да се одбегне непотребно упатување на голем број првоизворници при пребарувањето на имињата и особините на таксоните.
Базата има и список на стандардизирани авторски кратенки, првично заснован на Брамит и Пауел (1992). Списокот редовно се подновува со нови кратенки.
IPNI е соработка помеѓу Кралските ботанички градини во Кју (Index Kewensis), Харвардскиот хербариум (Gray Herbarium Index) и Австралискиот национален хербариум (APNI). Базата е збирка на имиња заведени во овие три установи и работи на стандардизација на информациите. Стандардот за авторски кратенки препорачан од Меѓународниот правилник за номенклатура на алгите, габите и растенијата како „Автори на растителни имиња“ (Authors of Plant Names) на Брамит и Пауел.
Базата ги следи и имињата објавени во стручните списанија и дава индекс на истите. Во 2010 г. е отпочнат придружниот проект The Plant List кој има за цел да ги утврдува прифатените имиња на видовите.
Истото место го води и проектот Index Fungorum, посветен на габите.