Дел од серијата за |
Зороастризмот |
---|
основно |
ангели и демони |
текст и верување |
записи и легенди |
историја и култура |
следбеници |
Митра е ангелско божество од зороастризмот (јазата). Го сметале за божество на договорите, но исто така бил и судија, заштитник на „вистината“ (аша), заштитник на стоката, жетвата и на водите.
Римјаните својата таинствена религија митраизам ја засновале врз персиски и извори кои доаѓале од зорастризмот, а се однесувале на Митра.
Именката митра исто како и ведската именка „митра“доаѓаат од праиндоиранската именка митра, од основата ми-, со значење „да се поврзе“, и наставката -тра-, „предизвикување“. Според тоа, значењето на митра е „она што предизвикува поврзување“.
Како и повеќето божества, Митра не е споменат по име во најстарите текстови на зороастризмот, Гати, кои делумно се посветени лично на Заратустра, ниту во Јасна. Како дел од тријадата божества, Митра е почитувана фигура. Заедно со Рашну (правда) и Сраоша (послушност), Митра е еден од тројцата судии на Мостот Чинват, „мостот на судот“, кој сите души треба да го минат.
Химната посветена на Митра (Јашт 10) е најдолгата од сите зачувани текстови Јашт. Во текстовите Авеста, опишан е како „Митра од широките пасишта, кој има илјада уши и миријада очи“, (Јасна 1:3), „благороден и вечен владетел на провинцијата“, (Јасна 1:11), „Јазад (божество) на кажаното име“,(Јасна 3:5), и „светиот“, (Јасна 3:13).
„Митра“ на Ризницата ? |
|url=
(help) на 2007-06-21, Посетено на 2015-11-27.