Могулско Царство | ||||||||||||||||||||||||||||
Царство | ||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Царството во околу 1700
| ||||||||||||||||||||||||||||
Главен град |
| |||||||||||||||||||||||||||
Јазици |
| |||||||||||||||||||||||||||
Вероисповед |
| |||||||||||||||||||||||||||
Уредување | Апсолутна монархија, унитарна држава со федерално управување, централизирана автократија Шеријат(1526–1719) Олигархија со уставна монархија (1719–1857) | |||||||||||||||||||||||||||
Цар [б 1] | ||||||||||||||||||||||||||||
- | 1526–1530 | Бабур (first) | ||||||||||||||||||||||||||
- | 1837–1857 | Бахадур Шах II (last) | ||||||||||||||||||||||||||
Историски период | Ран современ | |||||||||||||||||||||||||||
- | Прва битка кај Панипат | 21 април 1526 | ||||||||||||||||||||||||||
- | Царството во состав на Царство Сур | 1540–1555 | ||||||||||||||||||||||||||
- | Могулско–Маратски војни | 1680–1707 | ||||||||||||||||||||||||||
- | Смрт на Аурангзеб | 3 март 1707 | ||||||||||||||||||||||||||
- | Битка кај Карнал | 24 февруари1739 | ||||||||||||||||||||||||||
- | Опсада на Делхи | 21 дептември 1857 | ||||||||||||||||||||||||||
Површина | ||||||||||||||||||||||||||||
- | 1690 | 4000000 км² | ||||||||||||||||||||||||||
Население | ||||||||||||||||||||||||||||
- | 1700 | 158,400,000 | ||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||
Денес во | Индија Бангладеш Пакистан Авганистан |
Могулско Царство (урду: سلطنت مغلیہ, Mug̱ẖliyāh Sālṭanāt) — царство кое се наоѓало на поголемиот дел од Јужна Азија и постоело во периодот помеѓу 16 и 19 век. За некои два века, царството се протегало од надворешните делови на сливот на Инд на запад, северен Авганистан на северозапад и Кашмир на север, до висорамнините на денешните Асам и Бангладеш на исток, и областите на Декан во јужна Индија.
Царството било основано во 1526 година од Бабур, воин началник од денешен Узбекистан, кој со помош на соседните Сафавиди и Отоманци успеал да го порази султанот на Делхи, Ибрахим Лоди, во Првата битка на Панипат и да ги освои рамнините на Горна Индија. Меѓутоа, царското управување во некои извори во Могулското Царство понекогаш датира од 1600 година, за време владеењето на внукот на Бабур, Акбар. Овој вид на владеење опстојувало до 1720 година, по смртта на последниот голем цар Аурангзеб, за чие владеење царството исто така го постигнало своето максимално географско проширување. Царството официјално престанало да постои во 1857 година по индиското востание.
И покрај тоа што било создадено и одржувано со воено војување, тоа не ги потиснувало силно културите и народите до кои дошло до допир и наместо тоа, ги изедначувало и со нови административни практики и разновидните владејачки елити, што довело до поефикасно, централизирано и стандардизирано управување. Основата на колективното богатство на царството биле земјоделските даноци, воспоставени од третиот цар , Акбар.
Релативниот мир што го одржувало царството во текот на поголемиот дел од 17 век било фактор во економската експанзија на Индија. Засиленото европско присуство во Индискиот Океан и зголемената побарувачка за индиски сурови и готови производи, создало уште поголемо богатство.
Во 1526 година, Бабур, потомок на Тимур и Џингис Кан од долината Фергана (денешен Узбекистан), се проширил преку Кибер преминот и ја основал Могулското Царство, кое ги опфаќала териториите на денешен Авганистан, Пакистан, Индија и Бангладеш. Сепак, неговиот син Хумаун бил поразен од страна на авганистанскиот воин Шер Шах Сури во 1540 година, и Хумаун бил принуден да се повлече во Кабул. По смртта на Шер Шах, неговиот син Ислам Шах Сури и Хинду кралот Самрат Хем Чандра Викрамадитја, добиле 22 битки против авганистанските бунтовници и силите на Акбар, од Пенџаб до Бенгал и воспоставиле секуларно Хинду владеење во Северна Индија од Делхи кое траело до 1556 година. Силите на Акбар го поразиле и убиле Хему во Втората Битка на Панипат на 6 ноември 1556 година.
Мунгалската династија завладеала со поголемиот дел од Индискиот Потконтинент до 1600 година, но почнала бавно да опаѓа по 1707 година. Мунгалците претрпеле силен удар поради инвазиите од Маратанците и Авганистанците, поради што Мунгалската династија била сведена на владетели- марионети до 1757 година. Остатоците од Мунгалската династија конечно биле поразени за време на Индискиот бунт од 1857 година, исто така познат и како “Војната за Независност” од 1857 година. Овој период, во кој Хинду мнозинството било владеено од страна на могулските цареви, повеќето од кои покажале верска толеранција и либерално изразување на Хинду културата, бил одбележан со огромна социјална промена на потконтинентот. Познатиот император Акбар, кој бил внук на Бабар, се обидел да воспостави добри односи со Хиндусите. Меѓутоа, подоцнежните императори, како Аурангазеб, се обиделе да воспостават целосна муслиманска доминација. Како резултат на тоа, неколку историски храмови биле уништени за време на овој период и се наметнувале даноци за оние кои не биле муслимани. Во времето на опаѓање на Могулското Царство, неколку помали држави се здружиле за да се пополни вакуумот во власта и самите тие придонеле за падот на империјата. Во 1739 година, Надер Шах, императорот на Иран, ја поразил могулската војска во огромната Битката кај Карнал. По оваа победа, Надер го покорил Делхи и запленил многу богатства, вклучувајќи го и Престолот Паун.
Могулците веројатно биле најбогатата единствена династија која што некогаш постоела. За време на ерата на Мунгалците, доминантните политички сили се состоеле од Могулското Царство и нејзините даночници, а подоцна, од државите наследнички во подем - вклучувајќи ја и Марата империјата - која се борела со значително ослабената могулска династија. Могулците, кои често применувале брутални тактики за да ја држат потчинета својата империја, воделе политика на интеграција со индиската култура и тоа бил клучниот фактор што придонел да бидат успешни, во што не успеале краткотрајните Султанати од Делхи. Акбар Велики бил особено познат по тоа. Акбар прогласил "Амари" или не-убивање на животни во светите денови на Џаинизамот. Тој го вратил џизуа данокот за немуслимани. Мунгалските императори се женеле со локални девојки од кралски семејства, биле во сојуз со локалните Махараџи, и се обиделе да ја измешаат нивната турско-персиска култура со древните индиски стилови, создавајќи ја уникатната индосараценска архитектура. Оваа традиција, во комбинација со зголемената бруталност и централизација, била ерозијата која во голема мера придонела за пропаст на династијата по Аурангазеб, кој за разлика од претходните императори, наметнал релативно не-плуралистички политики за општата популација, кои често предизвикувале револт кај мнозинското Хинду население.
<ref>
; нема зададено текст за наводите по име borocz
.Повеќе за Могулско Царство на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за guide во Википатување ? ? |
Грешка во наводот: Има ознаки <ref>
за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>
.