Надворешна политика е поим најчесто употребуван како синоним за дипломатија. Се состои од надворешно - политички активности на владата како одлуки, програми, стратегии и дела кои се однесуваат на надворешно - политички субјекти и работи, пред сè со други држави или мегународните организации. Главни правци на надворешната политика се билатералната и мултилатералната политика и програмите за заштита и промоција на дефинираните надворешно - политички цели и интереси на една држава на мегународен план односно во мегународните односи. По правило мегународните организации немаат класична надворешна политика (со исклучок на ЕУ). За мегународните организации се генерално употребува поимот " надворешните односи " кога политичките активности се однесуваат на субјектите надвор од членскиот рамка на организацијата, како правно лице.