Податотека:NorwegianWood.jpg Прво издание на англиски јазик | |
Автор | Харуки Мураками |
---|---|
Изворен наслов | 'Noruwei no Mori ノルウェイの森 |
Земја | Јапонија |
Јазик | Јапонски |
Жанр | Билдунгсроман, романтичен романl |
Издавач | Kodansha |
Издадена | 1987 |
Медиум | мек повез |
ISBN | 0-375-70402-7 (американско издание) ISBN 0-09-944882-3 (британско издание) ISBN 4-06-203516-2 (јапонско издание) |
OCLC | 42692182 |
895.6/35 21 | |
Клас. КБ | PL856.U673 N6713 2000 |
Норвешка шума (ノルウェイの森 (Noruwei no Mori )) е роман од 1987 на јапонскиот писател Харуки Мураками. Романот раскажува носталгична приказна за загубата и за будечката сексуалност. Приказната е раскажана во прво лице преку ликот на Тору Ватанабе, кој се присетува на своите студентски денови во Токио. Преку сеќавањата на Ватанабе, читателите го следат развојот на врски со две различни девојки—убавата, но емоционално нестабилна Наоко, и комуникативната и жива Мидори.
Дејството на романот се одвива кон крајот на 1960-тите во Токио, во период кога јапонските студенти, како и оние на многу други држави, протестирале против воспоставениот поредок. Иако служи само како подлога за дејството во романот, Мураками (низ очите на Ватанабе и Мидори) го прикажува студентското движење како претежно слабоволно и лицемерно.
Мураками го адаптирал првиот дел од романот од ран претходен расказ, со име „Светулка“. Приказната подоцна беше вклучена во колекцијата Слепа врба, Заспана жена.
Норвешка шума има доживеано огромна популарност кај јапонската младина и го има претворено Мураками во супер-ѕвезда во неговата родна земја (наспроти неговото лично незадоволство со популарноста). Во 2010 година излегува истоимената филмска адаптација, во режија на Тран Анх Хунг.