Оскар за најдобар анимиран филм | |
---|---|
Држава | Соединети Американски Држави |
Доделува | Академија за филмски уметности и науки |
Мрежно место | http://www.oscars.org |
Оскарот за најдобар анимиран филм е награда која ја доделува Академијата за филмски уметности и науки (АМПАС) годишно за најдобриот анимиран филм, кој од Академијата е дефиниран како филм кој трае подолго од 40 минути, ликовите се создадени со помош на технниката стоп-анимација, содржи значаен број на анимирани ликови и најмалку 75 проценти од времетраењето на филмот вклучува анимација. Наградата првпат била доделена за филмови направени во 2001 година.
Номинираните филмови за Оскар и победниците се избираат од страна на членовите на АМПАС. Доколку има шеснаесет или повеќе поднесени филмови, победникот се изгласува од потесен избор од пет филмови, во спротивно во потесен избор влегуваат три филмови. Дополнително, осум подобни анимирани филмови мораат да бидат издадени во округот Лос Анџелес во рамките на календарската година за оваа категорија да биде активирана.
Анимираните филмови можат да бидат номинирани и во други категории, но тоа е ретко; Убавицата и ѕверот (1991) бил прв филм номиниран за Оскар за најдобар филм. Нагоре (2009) и Приказна за играчките 3 (2010) исто така добиле номинации за најдобар филм откако Академијата го зголемила бројот на номинирани филмови.
Валцер со Башир (2008) е единствениот анимиран филм воопшто номиниран за Оскар за најдобар странски филм (и покрај тоа што не успеал да заработи номинација во категорија за најдобар анимиран филм). Ноќта пред Божиќ (1993) и Кубо и двете жици (2016) се единствените анимирани филмови номинирани за Оскар за најдобри визуелни ефекти.
Година | Победник | Номинирани | Нав. |
---|---|---|---|
2001 | Шрек – Арон Варнер |
||
2002 | Авантурите на малечката Чихиро – Хајао Мијазаки |
||
2003 | Барајќи го Немо – Ендру Стентон |
|
|
2004 | Спасители – Бред Берд |
||
2005 | Валас и Громит: Големата завера на зајците – Ник Парк и Стив Бокс |
|
|
2006 | Танцот на пингвините – Џорџ Милер |
||
2007 | Рататуи – Бред Берд |
||
2008 | Воли – Ендру Стентон |
|
|
2009 | Нагоре – Пит Доктер |