Петер Естерхази Esterházy Péter | |
---|---|
Роден/а | 14 април 1950 Будимпешта, Унгарија |
Занимање | писател |
Националност | Унгарија |
Книжевно движење | постмодернизам |
Петер Естерхази (унгарски: Esterházy Péter), (1950, Будимпешта, Унгарија) е современ унгарски писател.
Петер Естерхази е роден во 1950 година во Будимпешта како потомок на познатото унгарско благородничко семејство. Матурирал во пијанистичката гимназија во Будимпешта, а на универзитетот ЕЛТЕ дипломирал математика. До 1978 година работел како математичар, а потоа станал професионален писател.
Делата на Естерхази се преведени на повеќе европски јазици: шпански, португалски, шведски, норвешки, дански, италијански, германски, англиски, француски, бугарски, словенечки, српски, чешки, полски, естонски, летонски, фински, турски, еврејски и руски. Исто така, четири негови раскази се објавени на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".
Петер Естерхази е добитник на повеќе награди, како што се:
|