План на Обединетите нации за поделба на Палестина — предлог на Обединетите нации, кои предложиле поделба на Палестина по завршувањето на британскиот мандат. На 29 ноември 1947 г., Генералното собрание на ОН го усвоило планот како Резолуција 181 (II).
Со резолуцијата било предвидено создавање на арапска и еврејска држава и посебен меѓународен режим за градот Ерусалим. Планот за поделба, документ од четири дела приложен кон резолуцијата, предвидувал прекин на британскиот мандат, прогресивно повлекување на Британските вооружени сили и демаркација на границата помеѓу двете држави и Ерусалим.
Предложениот план се сметал за проционистички од неговите противници, со тоа што 62 % од земјата би била доделена на еврејската држава и покрај тоа што палестинското арапско население броело двојно повеќе од еврејското.
„План на ОН за поделба на Палестина“ на Ризницата ? |