Портокал | |
---|---|
Цветови и плодови на портокал | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Розиди |
Ред: | Сапуновидни |
Семејство: | Седефчиња |
Род: | Цитрус |
Вид: | C. × sinensis |
Научен назив | |
Citrus × sinensis (L.) Osbeck |
Портокал (науч. Citrus × aurantium f. aurantium, syn. Citrus × sinensis) — било кое од неколкуте видови мали дрвја или грмушки од родот агруми и неговите плодови. Се одгледува во тропските и суптропските области. Тркалезниот плод има рапава, масна кора и сочно внатрешно месо богато со витаминот Ц. Главните комерцијални видови портокал се: кинескиот портокал, мандарините и морскиот портокал без семки. Дрвото на портокалот има широки, сјајни зимезелени листови со средна големина. Раѓа плодови во период од 50 до 80 години. Портокалите не добиваат дополнителен квалитетот откога ќе паднат од дрвото, па затоа се берат само кога се целосно зрели. Портокалот најчесто се употребува за поизводство на сок, а споредни производи се есенцијалните масла, пектинот, слатката кора, мармаладот од портокал итн, а остатоците што се добиваат при преработката на портокалот се користат како храна за стоката.
Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |