Ризница (или Викимедиина ризница; англиски: Wikimedia Commons) е складиште на слободни слики, звуци, видеоснимки и други мултимедијални податотеки. Таа е проект на Фондацијата Викимедија, а податотеките што се подигнати на Ризницата може да се користат од сите проекти на Викимедија на сите јазици, односно Википедија, Викикниги, Викиизвор и Викивести, или за преземање и користење на друго место, бидејќи целата содржина е или во јавна сопственост или е издадена под слободни лиценци како ГНУ-овата лиценца за слободна документација.
Во јануари 2008, Ризницата содржела повеќе од 2 милиони мултимедијални податотеки, додека на крајот од 2012 година 15 милиони.
Наводи
{{|2}}
Надворешни врски