Росхулт

Куќата на Линевци
Дневната соба во куќата

Росхулт (швед. Råshult) е село близу Елмхулт во округот Крунуберг (покраина Смоланд), Шведска.

Во селото е роден прочуениот ботаничар Карл Линеј (1707-1778), каде татко му, Нилс Лине, бил капелин во локалната црква. Лине е роден во куќата што стоела на местото на постоечката куќа, која е изградена некаде помеѓу 1751 и 1781 г. Во 1933 објектот е вратен во неговиот изворен облик, по иницијатива на Линеевото историско друштво. Имотот е сместен во културен резерват што зафаќа 42 хектари.

Поврзано

Наводи

  1. Nationalencyklopedin, Linné, Carl von
  2. Предавање на Свен Росборн на Википедиината академија во Лунд, 13 номеври 2008

Надворешни врски

56°37′05″N 14°12′07″E / 56.618° СГШ; 14.202° ИГД / 56.618; 14.202