Руда — вид на камен што содржи минерали со вредни елементи како метали се вади од земјата со рударење. Ископаниот материјал потоа се рафинира за да се добијат саканите елементи.
Класата или концентрацијата на рудниот минерал или метал и обликот во кој се јавува истата го одредува трошокот на вадење на рудата. Исплатливоста на експлоатацијата зависи од вредноста на металот во рудата и степенот на негова застапеност. Металните руди може да се соединенија како оксиди, сулфиди, силикати или „самородни“ метали (како што е самородниот бакар) што се јавуваат концентрирани во Земјината кора. Покрај нив, постојат и „благородни“ метали како златото што се среќаваат во самостоен неврзан облик. Рудата потоа се обработува за да се добијат саканите метали, раздвојувајќи ги од камењата и другите непотребни минерал. Рудните лежишта се создаваат по пат на различни геолошки процеси. Тие процеси се основа за поделба на рудите, според кои тие се групираат.
Ископување
Рудните наоѓалишта се експлоатираат по следниве постапки:
Истражување и извидување за утврдување на местоположбата, големината и вредноста на лежиштата
Проценка на ресурсите со математички пресметки за количината и класата
Изготвување на претпроектна студија со цел да се утврди теоретската економска корист одрудникот. Со ова се одредува дали треба да се вложува во понатамошни истражувања и се востановуваат главните ризици што би произлегле од тоа.
Изготвување на проектна студија за финансиската исплатливост, техничката изводливост и финанскиските и техничките ризици. Во овој момент се решева дали проектот треба да оди понатаму или да се напушти. Тука спаѓа планирање на рудникот со моделирање на искористливиот дел, металуршките процеси, пазарната побарувачка и вредност на рудата, трошоците на инженерските и техничките работи и инфраструктурата, финансиските услови и анализа на животниот век на рудникот.