Рударство — стопанско-индустриска гранка што се занимава со испитување и исцрпување на сите видови рудни лежишта како и начините за нивна рационална експлоатација. Преку ископувањето на различните видови на метални и неметални руди и минерали, рударството претставува единствената и најзначајната дејност која со основни суровини за производство ги снабдува индустријата, градежништвото и други стопански гранки.
Рударството спаѓа меѓу најстарите човечки дејности и потекнува уште од праисториско време. Првите и најстари развојни фази и периоди на човековата историја и општество како што се железното, бронзеното и бакарното време се должат токму на пронаоѓањето, ископувањето и обработката на метални руди од кои потоа се изработувани разни алати и орудија. Поради извонредно големото значење на рударството како клучна дејност за стопанскиот, техничко-технолошкиот и научниот развој неговото значење во сеопштиот развиток на човештвото е поврзано и со сите подоцнежни историски периоди и пронајдоци како колонијализмот, индустриската револуција, јадреното оружје итн. Поради својата клучна улога во обезбедувањето на основните суровини и енерегенси за производството во индустријата, градежништвото, електростопанството, сообраќајот и комуникациите, рударството и во денешно време е една од најзначајните дејности за функционирањето на целокупната економија, стопанскиот раст на државите како и за непреченото и нормално одвивање на секојденвниот живот на луѓето.
Рудните наоѓалита се експлоатираат по следниве постапки:
„Рударство“ на Ризницата ? |
|isbn=
: length (help).