Единаесетто издание на Светска турнеја на UCI | |
Лого на Светската турнеја | |
Поединости | |
---|---|
Датуми | 15 јануари – 22 октомври |
Места | Австралија, Европа, Азија и Северна Америка |
Трки | 38 |
← 2018 2020 → |
Светска турнеја на UCI 2019 — низа трки предвидени во сезоната 2019, кои вклучуваат триесет и осум друмски велосипедски настани во текот на сезоната 2019. Првпат откако е започнат системот за рангирање од страна на Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) во 2009 година, нема да биде систем за бодување сам за себе.
Натпреварувањето е предвидено да започне со воведната етапа на Тур Даун Андер на 15 јануари и е предвидено да заврши со последната етапа на Трката околу Гуангси на 22 октомври.
Календарот за 2019 првично бил објавен во јуни 2018 година, каде Трката Абу Даби била заменета со Трката ОАЕ откако се споила со Трката Дубаи. Во септември 2018 година, Три дена Брухе-Де Пане била унапредена во трка од Светска турнеја, откако била трка 1.HC во 2018 година. Во ноември 2018 година, Трката околу Турција била најавена дека се префрла во април, откако претходните две изданија се одржале во октомври
|