Севернофризиски јазик | |
---|---|
Frasch / Fresk / Freesk / Friisk | |
Застапен во | Германија |
Подрачје | Шлезвиг-Холштајн |
Говорници | (10.000 во 1976 г.) |
Јазично семејство | индоевропско
|
Статус | |
Службен во | Северна Фризија Хелголанд |
Јазични кодови | |
ISO 639-2 | frr |
ISO 639-3 | frr |
Linguasphere | 52-ACA-e (наречја: 52-ACA-eaa до -eak & мртви -eba и -ebb) |
Дијалектите на севернофризискиот јазик |
Севернофризиски јазик — малцински јазик во Германија, со околу 10.000 говорници во областа Северна Фризија. Јазикот е дел од групата на фризиски јазици во состав на западногерманското јазично семејство.
Најсродни на севернофризискиот се другите два фризиски јазика - затерландскиот фризиски (источнофризиски) од северозападна Долна Саксонија во Германија и западнофризискиот јазик што се говори на северот на Холандија. Заедно, овие јазици ја сочинуваат групата на фризиски јазици.
Во блиско сродство со фризиските јазици е и англискиот, и припаѓаат на пошироката група на англофризиски јазици. Оваа група пак, заедно со долногерманскиот, ја сочинува поголемата целина од северноморските германски јазици, со тоа што долногерманскиот бележи самостоен развој веќе подолго време, па затоа покажува поголеми разлики од останатите.
Севернофризискиот има 10 дијалекти што се делат на две наречја: континентално и островско.; Исклучок од ова е дијалектот што се говори на островот Халиген, кој сепак припаѓа на континенталната група. Дијалектите се следниве:
На табелава се прикажани сличностите и разликите помеѓу разни севернофризиски дијалекти.
Дијалект | татко | мајка | сестра | брат |
---|---|---|---|---|
зилтски | Faaðer | Mooter | Sester | Bröðer |
фериншки | aatj | mam | saster | bruler |
емраншки | bruder | |||
халиншки | baabe | mäm | soster | bröör |
хелголандски | Foor | Mem | Söster | Bruur |
видингхардски | tääte | määm | broor | |
кархардски | mäm | brauder | ||
бекингхардски | taatje | mam | brouder | |
северногесхардски | ate | mäm | broor | |
јужногесхардски | fåår, fååðer | brööðer | ||
северногесхардски | fååje | soster | brår |
Издание на Википедија — слободната енциклопедија на севернофризиски јазик |
|