Скагерак

Скагерак и Категат
Средината на Скагерак

Скагерак (Skagerrak) е проток помеѓу Норвешка и југозападниот брег на Шведска и полуостровот Јитланд во Данска. Оваа водна површина го поврзува Северното Море со мореузот Категат, кој води до Балтичкото Море.

Географија

Теснецот е долг 240 км и широк помеѓу 80 и 140 км. Кон норвешкиот брег се продлабочува, достигнувајќи 700 м во Норвешката Бразда. Поважни пристанишни места долж Скагерак се Осло и Кристијансанд во Норвешка и Удевала и Стремстад во Шведска.

Скагерак има соленост од 30 единици. Подрачјето што вдомува биомаса зафаќа 3.600 км2 и содржи разни видови на живеалишта - од песочните насипи во Шведска и Данска до длабоките води во Норвешката Бразда. Во теснецот живеат околу 2000 морски видови.

Граници

Според Меѓународната хидрографска организација, Скагерат ги има следниве граници:

Историја

Во обете светски војни, Скагерак бил од големо стратешко значење за Германија. Во 1916, тука се одиграла една од најголемите поморски битки во Првата светска војна, наречена Битка кај Јитланд (или Скагерачка битка). Скагерак за Германија претставувал единствениот поморски пристап кон Балтикот, па затоа бил главна причина за инвазијата на Данска и Норвешка за време на Втората светска војна. Овие битки и престрелки довеле до големиот број на бродоломи во ова подрачје.

Поврзано

Наводи

  1. „Граници на океаните и морињата, III изд“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 6 февруари 2010. (англиски)

Надворешни врски

57°50′50″N 9°04′23″E / 57.84722° СГШ; 9.07306° ИГД / 57.84722; 9.07306