Слешер (жанр)

Хокејската маска на убиецот Џејсон Ворхис

Слешер (англиски: slasher) — поджанр на филмови на ужасите што се одликува со психопатски убиец (понекогаш носи маска, понекогаш со натприродни моќи) што демне и незабележливо убива голем број луѓе еден по еден, најчесто младинци, на типично случаен, непредизвикан начин, одземајќи ги животите на многумина во еден ден.

Особености на жанрот

Жртвите се обично фотогенични тинејџери или млади луѓе што се далеку од цивилизацијата и често се впуштаат во сексуално однесување или употреба на дрога, а понекогаш и двете. Овие филмови обично започнуваат со убиство на една млада девојка и завршуваат со тоа што единствениот преживеан успева да го победи убиецот, само за да открие дека проблемот не е целосно решен. Преживеаната девојка (понекогаш и маж) е добро воспитана и се воздржува од полов однос и алкохол. Иако „Психо“ на Алфред Хичкок бил рано вдахновение, првиот вистински слешер бил „Црниот Божиќ“, а успехот на „Ноќта на вештерките“, „Петок тринаесетти“ и „Кошмар на Елм стрит“ помогнале да се популаризира и револуционизира жанрот во 1980-тите.

Во жанрот слешер, убиецот речиси секогаш користи нетрадиционални оружја: сечила, моторни пили, сатари, тапи предмети; пиштоли ретко се користат, ако и воопшто. Честопати филмот ќе има заднина што објаснува како убиецот (обично е машко) ја развил својата суровост и зошто тој првенствено се насочува на одреден тип жртва или место. Честопати убиецот е способен да ги издржува повеќето или сите обиди на неговите жртви да се одбранат, понекогаш поради јасни или подразбирливи натприродни способности. Така што, дури и откако ќе биде застрелан, избоден, претепан, удрен од струја, изгорен или удавен, тој може да продолжи да ги демне своите жртви. Вообичаено во продолженијата, убиецот се враќа од мртвите и се одликува како немртво, нечовечко „чисто зло“, а не како психопатски убиец. Меѓу сите категории, меѓутоа, има неколку филмови што покажуваат дека убиецот треба да биде сожалуван или барем разбран, а не само да биде страшлив.

Главната идеја на слешерот се одликува со присуството на убиства, а заплетот се открива со обидите на одреден круг луѓе да ги избегнат овие убиства — во однос на нив или друга група луѓе.

Наводи

  1. 1,0 1,1 Kench, Sam (2021-10-24). „The Slasher Film — Definition, Characters, Villains & Tropes“. StudioBinder (англиски). Посетено на 2024-03-11.
  2. Hesseldenz, Peter. „Research Guides: Horror Film: Slasher Films“. libguides.uky.edu (англиски). Посетено на 2024-03-11.

Надворешни врски