Староверци, старообредници (руски: староверы, старообрядцы) или древноправославни (руски:древлеправославие) — православни Руси што не ги прифатиле реформите воведени од патријархот Никон (Минов; 1652 — 1666) во 1653 година во Руската православна црква.
Митрополитот новгородски Никон во 1652 година со декрет на царот Алексеј I, станал патријарх. Во 1653 година патријархот започнал со мали реформи. Воведените измени ја усогласиле литургиската пракса со практиката на другите православни земји. Промените подразбирале луѓето да се прекрстат со три наместо со два прста, трипати да кажуваат „алелуја“ и слично. Ова води до голем бунт и раскол, од една страна биле патријархот и неговите поддржувачи, а од друга биле староверците, Авакум, епископот Павле, протојерејот Данило и други. Никон ја напуштил патријаршиската положба и поради тоа на Парламентот од 1666 година во Москва му бил одземен епископскиот чин и бил осуден на затвор. Следната година, Соборот донел одлука со која се признава валидноста на исправките што ги направил Никон во богослужбените книги и се анатемисуваат расколниците.
Водачот на староверците, архиѓаконот Авакум, продолжил со раскол се додека не бил јавно запален во 1682 година. Поради прогонот што следел, староверците се селеле во Северна Русија, Сибир, балтичките држави и делтата на Дунав.
По Октомвриската револуција, во текот на револуционерниот терор, а особено во текот на Сталиновите прогони, бројот на приврзаниците на старообредништвото значително се намалил.
Денес постојат неколку фракции меѓу староверците:
Покрај Русија, заедниците на староверци делуваат и на териториите на поранешните советски републики, во Романија (каде што има и автокефална митрополија на белокриницката јерархија), во Полска, во земјите од Северна и Јужна Америка и на други места. Во последно време е забележана нивната зголемена активност во издавањето верска литература, создавањето сопствен образовен систем (училишта за возрасни — идни свештеници и лаици, курсеви за веронаука на деца), унапредување на системот за информирање. Сè уште има многу фракции на староверци што работат незаконски, во „катакомбни услови“, и кои се затворени за контакти не само со властите и пошироката јавност, туку и со истражувачите на појавата старообредништво.
Во обид да ја насели сибирската тајга, руската влада во 2007 година започнала програма со која ги повикала Русите од целиот свет да се вратат во својата татковина. Меѓу нив има и прогонети членови на православни секти, староверци. Кај староверците е зачуван древниот руски јазик кој денес е речиси целосно исфрлен од употреба.
|date=
(help)
|accessdate=
(help)
|date=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link)