Суперкуп на УЕФА 2020 | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||
по продолженија | |||||||
Датум | 24 септември 2020 | ||||||
Стадион | Пушкаш Арена, Будимпешта | ||||||
Играч на натпреварот | Томас Милер (Бајерн Минхен) | ||||||
Судија | Антони Тејлор | ||||||
Гледачи | 15,180 | ||||||
Суперкуп на УЕФА 2020 било 45. издание на Суперкупот на УЕФА, годишниот фудбалски натпревар помеѓу победниците во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, двете најсилни европски клупски натпреварувања организирани од страна на УЕФА.
Во овој Суперкуп се сретнале екипите на Бајерн Минхен, победник на Лигата на шампионите 2019-2020, и Севиља, победник на Лига Европа 2019-2020. Натпреварот се одиграл на Пушкаш Арена во Будимпешта, Унгарија на 24 септември 2020.
Првично, натпреварот бил закажан да се игра на Драгао во Порто, Португалија, на 12 август 2020 година; сепак, откако пандемијата на COVID-19 предизвикала одложување на завршницата на Европските клупски турнири од претходната сезона, Извршниот комитет на УЕФА избрал да го додели презакажаното Финале на Лигата на шампионите на Португалија и го премести Суперкупот во Будимпешта.
Бајерн Минхен го освоил Суперкупот на УЕФА, победувајќи ја Севиља со 2-1 по продолженија. Головите за победничкиот тим ги постигнале Леон Горецка и Хави Мартинес, додека стрелец за Севиља бил Лукас Окампос од пенал.
Екипа | Пласиран како | Претходни учества |
---|---|---|
Бајерн Минхен | Победник во УЕФА Лига на шампиони 2019/20 | 4 (1975, 1976, 2001, 2013) |
Севиља | Победник на УЕФА Лига Европа 2019/20 | 5 (2006, 2007, 2014, 2015, 2016) |
Белешка: Со задебелени бројки се напишани годините кога екипата го освоила натпреварувањето.
По 13 минути на Севиља и бил досуден пенал, кога Иван Ракитиќ бил непрописно блокиран и повален на земја во казнениот простор од Давид Алаба. Лукас Окампос бил сигурен реализатор на пеналот, шутирајќи во левиот долен агол за да ги доведе шпанците во водство. Во 34-тата минута Бајерн Минхен изедначил на 1-1 со голот на Леон Горецка, по повратната топка од Роберт Левандовски. Натпреварот отишол во продолженија, каде замената Хави Мартинес, го постигнал победничкиот гол за Бајерн во 104-тата минута со удар со глава откако претходно голманот на Севиља Јасин Буну ја одбил топката во поле.
Победникот во Лигата на шампионите се водел како домаќин поради административни причини.
24 септември 2020 | Бајерн Минхен | 2–1 (прод.) | Севиља | Пушкаш Арена, Будимпешта |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Извештај | Гледачи: 15,180 Судија: Антони Тејлор |
Играч на натпреварот:
Помошни судии:
|
|