Суфизмот — мистички аспект на исламот. Суфија е човек што чека искуство пратено директно од Алах. Суфизмот најчесто се среќава во Иран и Турција, но застапен е и во Македонија во теќињата на дервишите.
Покрај мажите, суфии биле и жени, како што е случајот со најпознатата суфи-светица, Рабија ел-Адевија (починала во 801 година), која аскетската традиција ја споила со посебен вид љубовен мистицизам. Притоа, нејзината љубов кон Бога била апсолутна и ексклузивна во однос на сè, не допуштајќи место за страв од пеколот, омраза кон ѓаволот или страст за рајот.
Суфизмот како тема во уметноста и во популарната култура
Суфиите се честа тема во арапската книжевност и во популарната култура, како:
„Суфито кој себе се нарекувал џукела“ - суфиска приказна.
„Рабија ал-Адавија“ - суфиска приказна.
„Авицена и Абу Саид“ - суфиска приказна.
„Бахаудин“ - суфиска приказна.
„Ардабили“ - суфиска приказна.
„Халкави“ - суфиска приказна.
„Сиапош“ - суфиска приказна.
„Абуд од Обдурман“ - суфиска приказна.
„Халаби“ - суфиска приказна.
„Нахас“ - суфиска приказна.
„Барбари и имитаторот“ - суфиска приказна.
„Приказната за Фази Раби“ - суфиска приказна.
„Рабија“ (Rabia) - турски филм од 1973 година, во режија на Осман Ф. Седен.
„Рабија, првата жена-светица“ (Rabia, İlk Kadın Evliya) - турски филм од 1973 година, во режија на Суреја Дуру.