Внатрешност на погон на тврд диск | |
Изумено | 24 декември 1954 |
---|---|
Изумител | Екипа IBM на чело со Рејнолд Џонсон |
Тврд диск (англ. hard disk) — носител за трајно складирање и понатамошно користење на податоци. Тврдиот диск може да биде внатрешен или надворешен и има капацитет од неколку стотини гигабајти (GB). Се состои од алуминиумски плочи (од З до 5) обложени со магнетно чувствителен материјал, глава за читање/запишување (сместени во херметички затворена кутија) и интерфејс (што се вика и контролор) за врска со централниот систем.
Тврд диск овозможува запишување и читање на податоци со произволен пристап. Капацитетот на складираните податоци се мери со мегабајти и гигабајти. Главите за читање и за запишување лебдат над плочите додека тие се ротираат со огромни брзини (околу 7200 вртежи во минута). Дискот е чувствителен на надворешните влијанија па е затворен во метална кутија.
Тврдиот диск е поставен во метално куќиште (херметички затворено), во чија внатрешност се наредени повеќе плочи, една над друга, на оска која ротира. Така поставени формираат цилиндар. Од страната се поставени глави за читање и запис кои се фиксни, неподвижни. Секоја плоча е премачкана со магнетен материјал дебел само неколку микрони, а над него се нанесува заштитен слој.
Работи на принцип на магнетен запис на податоци по патеки и сектори, на секоја од плочите. Има по една глава за читање и една за запишување за секоја плоча посебно. За да може да се запишуваат податоците, плочите се логички поделени во патеки и сектори. Просторот меѓу две патеки и два сектори е наречен блок и содржи 512B (бајти). Процесот на поставување патеки и сектори е познат како форматирање.
Капацитетот на еден тврд диск се цени според:
Еден тврд диск има голема меморија и може да собере повеќе работи од едно флопи и со многу поголема брзина. Денешниве тврди дискови може да имаат капацитет од 80 ГБ до околу 4Tb.
Оваа информатичка статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|