Tракија (бугарски: Тракия, грчки: Θράκη, латински:Thracia или Threcia, турски: Trakya) — историски и географски регион во јужниот дел на Европа. Во раната антика „Тракија“ била земјата во која живееле Тракиjците — на север до реката Дунав, на исток до Црното Море, на југ до Егејското Море и на запад до реките Голема Морава и Вардар. Денеска називот „Тракија“ ги опфаќа јужниот и југоисточниот дел од Бугарија (Северна Тракија), североисточниот дел на Грција (Западна Тракија) и европскиот дел на Турција (Источна Тракија). Бреговите на Тракија излегуваат на три мориња: Мраморното Море, Егеjското Море и Црното Море. Понекогаш во Турција Тракија се именува како Румелија.
|