Тренделаг Trøndelag | ||
---|---|---|
округ | ||
Тренделаг во рамките на Норвешка | ||
Земја | Норвешка | |
Округ | Тренделаг | |
Регион | Средна Норвешка | |
Назнака | NO-50 | |
Седиште | Стејнхер | |
Управа | ||
• Окружен управник | Франк Јенсен (2018–) | |
• Окружен градоначалник | Торе О. Сандвик (2018–) | |
Површина | ||
• Вкупна | 41.260 км2 (15,930 ми2) | |
Население (2009) | ||
• Вкупно | 418,453 | |
• Густина | 10/км2 (30/ми2) | |
• Промена (10 г.) | 0 % | |
Часовен појас | CET (UTC+01) | |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+02) | |
Мреж. место | trondelagfylke.no | |
Тренделаг (норвешки: Trøndelag, јужнолапонски: Trööndelage) — округ во средишниот дел на Норвешка. Настанал на 1 јануари 2018 г. со спојување на дотогашните окрузи Северен и Јужен Тренделаг, одвоени уште од 1804 г. Округот се граничи со Мере и Румсдал и заедно го образуваат регионот Средна Норвешка.
Најголем град е Трондхејм, каде е сместено седиштето на окружниот градоначалник, иако седиштето на округот е Стејнхер. Ова е предвидено да ја намали централизацијата во управата, со оглед на тоа што Тренделаг е втор по големина округ во земјата.
Во 1804 г. кралот Данска-Норвешка го поделил Тренделг на два дела, и ова траело сè до повторното спојување на почетокот на 2018 г.
Мештаните говорат дијалект наречен трендерски (trøndersk), чија главна особина е изоставувувањето на завршните самогласки.
Тренделаг е меѓу најплодните места во Норвешка, чие обработливо земјиште дава големи приноси. Највеќето производи се предаваат кооперативот за месо и млеко, но во последно време ова важи и за земјоделските култури.
Подрачејто е населено со иладници години. На почетокот на железното време Тренделаг (старонордиски: Þrǿndalǫg) бил поделен на неколку ситни кралства наречени „филки“. Филките имале заеднички закони и првобитни собрание — тинг. Тука се нарекувал Фростатинг, по полуостровот Фроста. Некои го сметаат за прв пример за вистинска демократија.
По времето на Хокон Грјотгардсон (838-900), Тренделаг бил под власта на велможа — јарлот од Ладе, со седиште во источниот дел на Трондхејм, крај морскиот ракав Трондхејмсфјорд. Јарловите имале значајна моќ и влијание во Норвешка сè до 1030 г.
Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1769 | 78.274 | — |
1951 | 307.635 | +293.0% |
1960 | 327.127 | +6.3% |
1970 | 350.297 | +7.1% |
1980 | 368.942 | +5.3% |
1990 | 377.202 | +2.2% |
2000 | 389.960 | +3.4% |
2010 | 422.102 | +8.2% |
Извор: Централно статистичко биро . |
Тренделаг (заедно со делови од Мере и Румсдал) влегле во Шведска in the Роскилдскиот мировен договор во 1658 г. под власт ана Карл X, но набргу биле вратени Данска-Норвешка по Копенхагенскиот договор во 1660 г. Во текот на овие две години, шведска власт регрутирала 2.000 мажи и млади момчиња да се борат во војната против Полска и Бранденбург. Карл X стравувал дека ќе тренделажаните востанат против шведскиот окупатор и затоа решил да ги држи подалеку од родниот крај. Само една третина се вратиле дома, додека пак други биле приморани да се населат во Естонија (тогаш шведска покраина) по начелото раздели па владеј.
Есента 1718 г. за време на Големата северна војна, војсководецот Карл Густав Армфелд тргнал со десетилјадна војска навлегол во Тренделаг за да го заземе Трондхејм по наредба на кралот Карл XII. Поради лошата линија на снабдување од Шведска, војската морала да се прехранува од селание, предизвикувајќи голема беда. Походот не успеал: бранителите на Трондхејм успешно ја одвратиле опсадата. По загинувањето на Карл XII во Опсадата на Фредрикстен во југоисточна Норвешка, Армфелд бил отповикан назад во Шведска. Повлекувањето било мачно. Војската се свела на 6.000 борци кои веќе биле парталави и прегладнети, а потоа западнале во силна вејавица. Илјадници премрзнале до смрт во норвешките планини, а стотици биле доживотно осакатени.
Округот е под управа на совет. Во Стејнхер е седиштето на окружниот управник и окружната управа. Истите имаат служби и во Трондхејм.
Во Тренделаг има вкупно 41 вишо средно училиште, од кои девет се приватни. Има и 10-11 народни средни училишта.
Округот често се дели на неколку географски краеви:
Округот има девет градски населени места, како и рударското место Рерус.
Тренделаг има вкупно 47 општини според попоисот од 2018 г.
„Тренделаг“ на Ризницата ? |
|
63°25′37″N 10°23′35″E / 63.42694° СГШ; 10.39306° ИГД{{#coordinates:}}: не може да има повеќе од една главна ознака по страница