Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Име и презиме | Филип Миркуловски | ||
Роден(а) |
14 септември 1983 Скопје, Југославија | ||
Националност | Македонец | ||
Спорт | Ракомет | ||
Висина | 1,89 м | ||
Тежина | 91 кг | ||
Позиција | централен бек | ||
Клупски податоци | |||
Број | 13 | ||
Младински клубови | |||
1996-2003 | РК Македонија | ||
Сениорски клубови | |||
2003-2004 2004-2005 2005-2015 |
РК Металург Скопје Младост Богданци РК Металург Скопје | ||
Репрезентација 1 | |||
2003-денес | Македонија | 93 (225) | |
1 Податоците за репрезентативни настапи и постигнати голови важат за 29 јануари 2012 |
Филип Миркуловски (роден на 14 септември 1983) e македонски ракометар.
На 24 јуни 2012 година, Миркуловски се оженил со Благица Наумовска, со која бил во десетгодишна врска.
Миркуловски започнал да тренира на 13 годишна возраст. Потекнува од школата на РК „Македонија“, клуб во кој се задржал седум години. Во РК „Металург“ заминал во сезоната 2003/2004. По завршувањето на Светското ракометно првенство во Катар, во февруари 2015 година, Миркуловски соопштил дека го напушта РК „Металург“ и дека се сели во РК „Хановер“. Причината за напуштањето на клубот биле големите финансиски проблеми, кои резултирале со долготрајно доцнење во исплатата на платите на ракометарите. Во 25. коло на германската лига, Миркуловски покажал одлична игра во мечот против „Магдебург“, постигнувајќи шест голови, а имал и по две асистенции и украдени топки. Во март 2015 година, Миркуловски потпишал двегодишен договор со германскиот клуб „Вецлар“, со важност до 2017 година, каде го заменил легендарниот хрватски ракометар Ивано Балиќ.
Во знак на почит кон игрите на Миркуловски, раководството на РК „Металург“ одлучило привремено да биде повлечен дресот со број 13, кој во претходните 12 години го носел Миркуловски.
Миркуловски бил член на Македонската ракометна репрезентација, со која настапил на Европските првенства во 2012, 2014и 2016ак ко и на светските првенства во 2013 и 2015 година.
|
|